Каракол или Ел Каракол е име на голем стар мајански град, денес археолошко наоѓалиште. Наоѓалиштето лежи во Белиз, во областа Кајо. Каракол се наоѓа околу 25 милји јужно од Шунантунич и Сан Игнасио Кајо на надморска висина од 460 метри. Градот бил населен во 1200 п.н.е. но својот најголем подем го доживеал во мајанскиот класичен период. Наоѓалиштето има над 40 градби.