Тикал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Тикал*
Светско наследство на УНЕСКО

Храмови во Тикал
Држава Гватемала Гватемала
Тип мешан
Критериуми i, iii, iv, ix, x
Навод 64
Регион** Средна Америка
Записно минато
Запис 1979  (III заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Тикал (мајански: Tik’al) — еден од најголемите археолошки локалитети на мајанската цивилизација, воедно и еден од најголеми поранешни мајански градови. Локалитетот се наоѓа во географскиот басенот Петен, во департманот Ел Петен во северна Гватемала. Тикал е дел од поголемиот „Национален парк Тикал“ и во 1979 година локалитетот станал дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.[1]

Тикал бил главен град и најголем центар на едно од најмоќните мајански кралства.[2] Иако архитектурата на локалитетот датираат од IV век п.н.е., својот подем Тикал го забележал во класичниот мајански период од 200 до 900 година. За време на овој период, Тикал бил доминантен во поголемиот мајански политички, економски и воен живот и имал контакти со останати средноамерикански кралства како на пример Теотивакан. Постои доказ дека Тикал во еден период бил освоен од Теотивакан во IV век.[3] Со истекот на доцниот класичен мајански период нови градби и монументи биле изградени во Тикал и постојат докази дека дел од палатите биле изгорени. Овие настани резултирале со намалување на населението за да во X век градот бил целосно напуштен. Тикал е еден од најдобро запознатите, проучени и разбрани мајански локалитети со долг список на владетели, споменици и палати.[4]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Глифот за Тикал, „Мутул“.

Името „Тикал“ најверојатно потекнува од мајанскиот збор „ти акал“ („ti ak'al“) и се верува дека овој назив е релативно нов што во превод значи „на водната дупка“. Ова име е тесно сврзано со еден од античките резервоари на вода кој го дале разни патници и ловци од тој регион. [5] Покрај ова значење, се верува дека има и останати значења на поимот како на пример „место на гласови“ и ова толкување потекнува од ица јазикот. Како и да е, името на градот, Тикал, не е стариот назив на локалитетот туку назив кој бил доделен веднаш по неговото откривање во 1840 година.[6]

Според мајанските натписи во локалитетот, Тикал се именува како „Јаш Мутал“ или „Јаш Мутул“ што значи „прв Мутал“.[5] Целото кралство каде Тикал бил главен град е познато како „Мутул“[7] Точното значење на зборот не е познато, но истиот назив значи „снопче од коса“ и се поврзува со реповите на кралевите кои владееле со Тикал.

Историја[уреди | уреди извор]

Предкласичен период[уреди | уреди извор]

Во локалитетот се наоѓаат траги на рано земјоделство кои датираат уште од 1000 п.н.е.[8] Главните конструкции во Тикал биле започнати уште во доцниот предкласичен период, односно во периодот од 400 до 300 п.н.е. Меѓу овие рани конструкции се вбројуваат и пирамидите и платформите.[8][9] Во овој период Тикал учествувал во проширување на чиканелската култура која доминирала во централните и северни мајански предели, односно регионот од Јукатан до Белизе.[10]

Во I век, Тикал започнал да зазема поголема политичка и културна моќ, период кога силните соседски градови започнале да се распаѓаат.[8] На крајот на доцниот пред-класичен период, Тикал бил под силно влијание од архитектонскиот и уметничкиот стил на Изапа.[11]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Карта на мајанската цивилизација. Тикал скоро е во центарот на мајанската цивилизација.

Најблиски денешни населени места до Тикал се Флорес и Санта Елена и се околу 64 километри југозападно од локалитетот.[12] Од Гватемала, Тикал е оддалечен 303 километри, 19 километри јужно од денешниот мајански град Уашактун, 30 километри северозападно од Јашха[5][13], 100 километри југоисточно од стариот ривал Калакмул и 85 километри од Каракол, кој денес е во Белизе.[14]

Целиот локалитет е забележан на карта и има вкупна површина од 16 километри квадратни каде се наоѓаат околу 3000 градби.[15] Околината на градот е составена од варвонички висорамнини, каде во долината се наоѓаат мочурливи површини. Целиот град и околината се заштитени од гвателамските власти и го сочинуваат „Националниот парк Тикал“ кој има вкупна површина од 570 километри квадратни.[16]

Тикал се наоѓа во тропска шума во северна Гватемала каде е и лулката на низинската мајанска цивилизација. Самиот град се наоѓа на плодна почва и поради тоа најверојатни имало развиена трговска рута кон Јукатан.[17] Пределот е богат со капоково дрво кое е и свето дрво за Маите, потоа има тропски кедар и хондураска махагонија. Целиот предел со векови бил зашумен, сè до повторното откривање. Просечните годишни врнежи во Тикал се 1945 милиметри.[18]

Иако Тикал бил еден од најголемите мајански градови, самиот град водата за пиење ја снабдувал преку врнежите и со градење на резервоари. Со модерните археолошки ископувања се откриле ваквите мајански резервоари за собрирање вода. Во околината нема природни извори на вода, поголеми реки или природни езера. Градот опстојувал од земјоделството. Врнежите биле од исклучиво значење за земјодеството и биле главен извор за наводнување. Поради непостоењето на природни водени површини, сушите во пределот биле катастрофални што најверојатно довеле до падот на класичниот мајански период.

Население[уреди | уреди извор]

За населението на Тикал се проценува дека изнесувало од 10.000 до 90.000 жители, каде најверојатно бројот бил поблиску до поголемата бројка.[15] Поради слабата пристнуст на природен сол во регионот, се проценува дека Тикал морал да увезува 131 тон сол секоја година што се споредува со население од 45.000.[19]

Населението на Тикал започнало да се зголемува уште од предкласичниот мајански период, односно од 2000 п.н.е. до 200 година, кога својот најголем демографски подем е забележан во доцниот мајански период. Населението забрзано се зголемувало од 700 година па сè до 830 година, што следел голем демографски пад. Според проценките за населението и според проценките за површината на градот, густината на население на Тикал изнесувало околу 517 жители на километар квадратен. Оваа густина се зголемува ако се земе предвид и самата околина на градот.

Владетели[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Владетели на Тикал.

Династијата на Тикал била основана уште од I век и владеела со кралството околу 800 години и била составена од најмалку 33 кралеви.[20]


име
прекар[21][22]
период династија
редослед на владеење
алтернативно име
Јаш Ехб Шок околу 90 г. 1 Јаш Моч Шок, Јаш Чактел Шок[23]
Разлитен Јагуар околу 292 г.  ?
Животинска Капа  ? 10 ? Кинич Ехб ?
Сииах Чан Кавил I околу 307 г. 11
Дама Уне Балам околу 317 г. 12 ?
Кинич Муван Хол I  ? –359 13 Манкина Птичју Череп, Пердувест Череп
Чак Ток Ичак I 360–378 14 Јагуарска Шепа, Голема Шепа, Голема Јагуарска Шепа
Јаш Нун Ајин I 379 –404 ? 15 Извиткана Муцка, Извиткан Нос
Сијан Чан Кавил II 411–456 16 Бурно Нео
Кан Читам 458 – околу 486 17 Кан Боат, Кан Ак
Чак Ток Ичак II околу 486–508 18 Јагуарска Шепа II
Дамата од Тикал Каомте Балам околу 511 – 527+ 19 Свиткана Глава
Птичја Канџа  ? 20 ? Животински Череп I
Вак Чан Кавил 537 ? – 562 21 Двојна Птица
Животински Череп околу 593–628 22
Кинич Муван Хол II околу 628 – 650 23 или 24
Нун Ухол Чак околу 650 – 679 25 Череп-штит, Нун Бак Чак
Хасав Чан Кавил I 682 – 734 26 Владетел А, Ах Какако
Јукин Чан Кавил 734 – околу 766 27 Владетел Б, Јашкин Кан Чак, Сончев небесен дожд
Владетел 28 околу 766 – 768 28
Јаш Нун Ајин II 768 – околу 794 29
Нун Ухол Кинич околу 800? 30?
Темно Сонце – 810+ 31?
Хевел Кавил – 849+  ?
Хасав Чан Кавил II –869+  ?

Локалитет[уреди | уреди извор]

Карта на централното градско подрачје.

Владата на Гватемала и Универзитетот од Пенсилванија делумно го обновиле локалитетот. Тој бил еден од најголемите мајански градови од класичниот мајански период и воедно еден од најголемите локалитети во Америка. Архитектурата на стариот град била изградена од варовник и вклучува остатоци од храмови кои се високи и по 70 метри, големи кралски палати и помали пирамиди, палати, куќи, административни згради, платформи и камени споменици.[24][25] Исто така постои и зграда која наликува на затвор, која имала дрвени решетки на прозорите и вратите. Во локалитетот може да се најдат седум игралишта за познатата мајанска игра со топка.

Варовникот кој се користел за изградба на градот бил од локално потекло и се ископувал во непосредната близина на градот. Дупките кои биле создадени при ископувањето на варовникот биле користени како резервоари за вода, покрај природните резервоари на свежа вода кои ги користеле Маите. Главниот плоштад бил покриен со штукатура.[26]

Површината погодна за живеење на Тикал изнесувала околу 60 километри квадратни, од кој голем дел не е исчистена, забележана на карта и ископана. Површината околу самиот град е добро забележана на карта и најверојатно имала површина од 125 километри квадратни. Како што веќе наведовме, населението на Тикал се движело од 10.000 до 90.000 во градското подрачје, а со околината дури до 425.000 жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UNESCO World Heritage Centre.
  2. Sharer & Traxler 2006, стр. 1. Hammond 2000, стр. 233.
  3. Martin & Grube 2008, стр. 29–32.
  4. Adams 2000, стр. 34.
  5. 5,0 5,1 5,2 Martin & Grube 2000, стр. 30.
  6. Drew 1999, стр. 136.
  7. Sharer & Traxler 2006, стр. 1.
  8. 8,0 8,1 8,2 Webster 2002, стр. 262.
  9. Coe 1999, стр. 73.
  10. Coe 1999, стр. 73, 80.
  11. Coe 1999, стр.78.
  12. Kelly 1996, стр. 111–2.
  13. Webster 2002, стр. 118.
  14. Webster 2002, стр. 188, 192.
  15. 15,0 15,1 Coe 1999, стр. 104.
  16. Kelly 1996, стр. 140.
  17. Webster 2002, стр. 261.
  18. Webster 2002, стр. 239.
  19. Coe 1999, стр. 30.
  20. Martin & Grube 2000, стр. 25.
  21. Sharer & Traxler 2006, стр.310-2
  22. Martin & Grube 2000 стр. 26-52.
  23. Drew 1999, стр. 187.
  24. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Sharer_.26_Traxler_2006.2C_.D1.81.D1.82.D1.80_.1.
  25. Drew 1999, стр. 183.
  26. Drew 1999, стр. 186.

Користена литература[уреди | уреди извор]

Adams, Richard E.W.
Документација[создај]

</noinclude> (2000). „Introduction to a Survey of the Native Prehistoric Cultures of Mesoamerica“. Richard E.W. Adams and Murdo J. Macleod (eds.). The Cambridge History of the Native Peoples of the Americas, Vol. II: Mesoamerica, part 1. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 1–44. ISBN 0-521-35165-0. OCLC 33359444. 

Andrews, E. Wyllys
Документација[создај]

</noinclude>; and William L. Fash

Документација[создај]

</noinclude> (2005). „Issues in Copán Archaeology“. E. Wyllys Andrews and William L. Fash (eds.). Copán: The History of an Ancient Maya Kingdom. Santa Fe and Oxford: School of American Research Press and James Currey Ltd. стр. 395–425. ISBN 0-85255-981-X. OCLC 56194789. 

Banco de Guatemala
Документација[создај]

</noinclude>. „Monedas“. Banco de Guatemala. http://www.banguat.gob.gt/inc/ver.asp?id=/monedasybilletes/ilustraciones-11-denominaciones.htm&e=40306. конс. 13 ноември 2009.  (шпански)

[[Michael D. Coe |Coe, Michael D.
Документација[создај]

</noinclude>]] (1999). The Maya. Ancient peoples and places series (6th edition, fully revised and expanded издание). London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-28066-5. OCLC 59432778. 

[[William R. Coe (archaeologist) |Coe, William R.
Документација[создај]

</noinclude>]] (1967, 1988). Tikal: Guía de las Antiguas Ruinas Mayas. Guatemala: Piedra Santa. ISBN 84-8377-246-9.  (шпански)

Drew,David
Документација[создај]

</noinclude> (1999). The Lost Chronicles of the Mayan Kings. Los Angeles: University of California Press. 

Fash, William L.
Документација[создај]

</noinclude>; and Ricardo Agurcia Fasquelle

Документација[создај]

</noinclude> (2005). „Contributions and Controversies in the Archaeology and History of Copán“. E. Wyllys Andrews and William L. Fash (eds.). Copán: The History of an Ancient Maya Kingdom. Santa Fe and Oxford: School of American Research Press and James Currey Ltd. стр. 3–32. ISBN 0-85255-981-X. OCLC 56194789. 

Gill, Richardson B.
Документација[создај]

</noinclude> (2000). The Great Maya Droughts: Water, Life, and Death. Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0-826-32194-1. OCLC 43567384. 

Hammond, Norman
Документација[создај]

</noinclude> (2000). „The Maya Lowlands: Pioneer Farmers to Merchant Princes“. Richard E.W. Adams and Murdo J. Macleod (eds.). The Cambridge History of the Native Peoples of the Americas, Vol. II: Mesoamerica, part 1. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 197–249. ISBN 0-521-35165-0. OCLC 33359444. 

Harrison, Peter D.
Документација[создај]

</noinclude> (2006). „Maya Architecture at Tikal“. Nikolai Grube (ed.). Maya: Divine Kings of the Rain Forest. Eva Eggebrecht and Matthias Seidel (assistant eds.). Köln: Könemann. стр. 218–231. ISBN 3-8331-1957-8. OCLC 71165439. 

Kelly, Joyce
Документација[создај]

</noinclude> (1996). An Archaeological Guide to Northern Central America: Belize, Guatemala, Honduras, and El Salvador. Norman: University of Oklahoma Press. ISBN 0-8061-2858-5. OCLC 34658843. 

[[Justin Kerr |Kerr, Justin
Документација[создај]

</noinclude>]] (n.d.). „A Precolumbian Portfolio“ (online database). FAMSI Research Materials. Foundation for the Advancement of Mesoamerican Studies, Inc. http://research.famsi.org/kerrportfolio.html. конс. 13 јуни 2007. 

Looper, Matthew G.
Документација[создај]

</noinclude> (1999). New Perspectives on the Late Classic Political History of Quirigua, Guatemala. „Ancient Mesoamerica“ (Cambridge and New York: Cambridge University Press) 10 (2): 263–280. ISSN 0956-5361. OCLC 86542758. 

Looper, Matthew G.
Документација[создај]

</noinclude> (2003). Lightning Warrior: Maya Art and Kingship at Quirigua. Linda Schele series in Maya and pre-Columbian studies. Austin: University of Texas Press. ISBN 0-292-70556-5. OCLC 52208614. 

[[Simon Martin (Mayanist) |Martin, Simon
Документација[создај]

</noinclude>]]; and Nikolai Grube

Документација[создај]

</noinclude> (2000). Chronicle of the Maya Kings and Queens: Deciphering the Dynasties of the Ancient Maya. London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05103-8. OCLC 47358325. 

[[Simon Martin (Mayanist) |Martin, Simon
Документација[создај]

</noinclude>]]; and Nikolai Grube

Документација[создај]

</noinclude> (2008). Chronicle of the Maya Kings and Queens: Deciphering the Dynasties of the Ancient Maya (2nd edn (revised) издание). London and New York: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28726-2. OCLC 191753193. 

Martínez, Horacio
Документација[создај]

</noinclude> (2004). „Reconocimiento en la periferia de Tikal: Los Terraplenes Norte, Oeste y Este, nuevas exploraciones y perspectivas“ (PDF online publication). XVII Simposio de Investigaciones Arqueológicas en Guatemala, 2003 (edited by J.P. Laporte, B. Arroyo, H. Escobedo and H. Mejía). Museo Nacional de Arqueología y Etnología, Guatemala. стр. 635–641. http://www.asociaciontikal.com/pdf/56.03%20-%20Horacio%20-%20en%20PDF.pdf. конс. 24 јуни 2009.  (шпански)

[[Mary Miller |Miller, Mary Ellen
Документација[создај]

</noinclude>]] (1999). Maya Art and Architecture. London and New York: Thames & Hudson. ISBN 0-500-20327-X. OCLC 41659173. 

[[Mary Miller |Miller, Mary
Документација[создај]

</noinclude>]]; and Karl Taube

Документација[создај]

</noinclude> (1993). The Gods and Symbols of Ancient Mexico and the Maya: An Illustrated Dictionary of Mesoamerican Religion. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05068-6. OCLC 27667317. 

Salisbury, David
Документација[создај]

</noinclude>; Mimi Koumenalis

Документација[создај]

</noinclude>, and Barbara Moffett

Документација[создај]

</noinclude> (19 септември 2002). Newly revealed hieroglyphs tell story of superpower conflict in the Maya world (PDF online publication). „Exploration: the online research journal of Vanderbilt University“ (Nashville, TN: Vanderbilt University Office of Science and Research Communications). OCLC 50324967. http://exploration.vanderbilt.edu/print/pdfs/news/news_dospilas_feature.pdf. конс. 22 септември 2009. 

[[Linda Schele |Schele, Linda
Документација[создај]

</noinclude>]]; and Peter Mathews

Документација[создај]

</noinclude> (1999). The Code of Kings: The language of seven Maya temples and tombs. New York: Simon & Schuster. ISBN 978-0-684-85209-6. OCLC 41423034. 

[[Robert Sharer |Sharer, Robert J.
Документација[создај]

</noinclude>]]; with Loa P. Traxler

Документација[создај]

</noinclude> (2006). The Ancient Maya (6th, fully revised издание). Stanford, CA: Stanford University Press. ISBN 0-8047-4817-9. OCLC 57577446. 

StarWars.com
Документација[создај]

</noinclude>. „Star Wars: Episode IV A New Hope“. Lucasfilm Ltd. http://www.starwars.com/movies/episode-iv/. конс. 13 ноември 2009. 

Torres, Estuardo
Документација[создај]

</noinclude>. „Parque Nacional Tikal“. Ministerio de Cultura y Deportes. http://www.mcd.gob.gt/2009/04/03/parque-nacional-tikal/. конс. 14 ноември 2009.  (шпански)

UNESCO World Heritage Centre
Документација[создај]

</noinclude>. „Tikal National Park“. UNESCO World Heritage Centre. http://whc.unesco.org/en/list/64. конс. 13 ноември 2009. 

Valdés, Juan Antonio
Документација[создај]

</noinclude>; and Fahsen, Federico

Документација[создај]

</noinclude> (2005). „Disaster in Sight: The Terminal Classic at Tikal and Uaxactun“. Arthur A. Demarest, Prudence M. Rice and Don S. Rice (eds.). The Terminal Classic in the Maya lowlands: Collapse, transition, and transformation. Boulder: University Press of Colorado. стр. 162–194. ISBN 0-87081-822-8. OCLC 61719499. 

Webster, David L.
Документација[создај]

</noinclude> (2002). The Fall of the Ancient Maya: Solving the Mystery of the Maya Collapse. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05113-5. OCLC 48753878. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]