Мајанска религија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајанската религија од Јукатан во Мексико, Гватемала, Белиз и Хондурас е регион каде традиционалната стара религија сè уште постои и се практикува од Маите, заедно со христијанството и христијанските обичаи. Традиционалната мајанска религија опстојува повеќе од два милениума, каде последните 500 години се забележува симбиоза со друга религија. Пред да биде христијанството донесено на тлото на Америка, старата религија била расширена кај сите мали кралства во Средна Америка и секое кралство или заедница имале свои одлики и специфичности.

Извори[уреди | уреди извор]

Најзначајните извори за традиционалната мајанска религија се Маите, нивните обичаи, религиозни обреди и приказни прекажани на антрополози. За мајанската религија од пред колонизацијата се црпат информации воглавно од трите преживеани хиероглифски книги, потоа значаен е Попол Вух, книгите од Чилам Балам, шпански документи, археолошки истражувања и проучувања.

Основите на обредите[уреди | уреди извор]

Традиционалната мајанска религија е често наречена како „костимирана“ поради присуството на костими. Мајанската религија е сложена во поглед на религиските обреди и обичаи.

Поврзано[уреди | уреди извор]