Централен часовен појас
Централниот часовен појас е шест часа назад од UTC во стандардното време (UTC-6) и пет часа во летното време (UTC-5). Времето за овој појас се добива од средното сончево време од меридијанот 90° западно од Гриничката опсерваторија.
Во САД и Канада, овој часовен појас обично се нарекува „централно време“ (Central Time, CT). Поточно, во однос на стандардното време (преку зима) е Централно стандардно време (Central Standard Time, CST), а преку лето е „централно летно време“ (Central Daylight Time, CDT).
Појасот е еден час пред планинскиот појас и еден час зад источниoт часовен појас.
Сè до 2015 г. во појасот влегувала и мексиканската сојузната држава Кинтана Ро, која денес е преместена во источниот појас.
Канада
[уреди | уреди извор]Канадски покраини целосно во централниот појас се:
Канадски покраини што се делумно во централниот појас, а делумно во друга, се:
- Нунавут (источен), најголемиот дел од регионот Кивалик и дел од Кикикталук
- Онтарио (источен), северозападен дел
- Саскачеван (планински), речиси целосно во средишниот дел
САД
[уреди | уреди извор]Држави од САД целосно во централниот појас се:
Држави од САД делумно во централниот појас, а делумно во друг, се:
|
|
Наводи
[уреди | уреди извор]Часовни појаси во Северна Америка | ||
---|---|---|
Часовен појас | Часови од UTC: стандардно време | Часови од UTC: летно време |
Хавајско-алеутски (на Хаваите) | –10 | –10 |
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) | –10 | –9 |
Алјаски | –9 | –8 |
Тихоокеански | –8 | –7 |
Планински (само Аризона и Сонора) | –7 | –7 |
Планински (други држави) | –7 | –6 |
Централен (само Саскачеван) | –6 | –6 |
Централен (други држави) | –6 | –5 |
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) | –5 | –5 |
Источен (други држави) | –5 | –4 |
Атлантски (реката Наташкван) | –4 | –4 |
Атлантски (други држави) | –4 | –3 |
Њуфаундлендски | –3:30 | –2:30 |
Свети Петар и Микелон и најголемиот дел од Гренланд |
–3 | –2 |