Тихоокеански часовен појас
Тихоокеански часовен појас (англиски: Pacific Time Zone, PT) — часовен појас кој опфаќа делови од западна Канада, западни САД и западно Мексико. Местата во овој појас следат стандардно време одземајќи осум часа од координираното универзално време (UTC−8). При летно сметање, часовното отстапување е UTC−7.
Во САД и Канада, појасот се нарекува „тихоокеанско стандардно време“ (Pacific Standard Time, PST) при стандардното сметање (од почетокот на ноември до средината на март) и „тихоокеанско летно време“ (Pacific Daylight Time, PDT) при летно сметање (од средината на март до почетокот на ноември ). Во Мексико појасот се нарекува „северозападен појас“ (шпански: Zona Noroeste) и се применува истото стандардно и летно сметање како во другите две земји.
Најголем град во појасот Лос Анџелес со неговата метрополитенска област.
Тихоокеанскиот часовен појас е два часа понапред од хавајско-алеутскиот, еден час понапред од алјаскиот, еден час зад планинскиот,[б 1] два часа зад централниот и три часа зад источниот часовен појас.
Канада
[уреди | уреди извор]Појасот целосно опфаќа само една територија во Канада:
Времето во една покраина и една територија е поделено на тихоокеанскиот и планинскиот појас:
- Британска Колумбија — сите, освен коридорот на Автопатот 95 (вкл. Голден и Крестон) на југоисток и Тамблер Риџ, Форт Сент Џон и Досон Крик на североисток
- Северозападни Територии — Тангстен
Мексико
[уреди | уреди извор]Во Мексико, појасот ги опфаќа следниве места:
- Долна Калифорнија
- Колима — островот Кларион
САД
[уреди | уреди извор]Две сојузни држави на САД целосно влегуваат во поајсот:
Три сојузни држави временски се поделени во тихоокеанскиот и планинскиот појас:
- Ајдахо — Ајдашки Изданок
- Невада — сите, освен Вест Вендовер и Џекпот, Маунтан Сити, Овајхи и Џарбиџ.
- Орегон — сите, освен најголемиот дел од округот Малхир
Една сојузна држава временски е поделена на тихоокеанскиот и алјаскиот појас:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Најголемиот дел од Аризона применува стандардно време во текот на целата година, така што летното тихоокеанско време се совпаѓа со времето во Аризона.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјални времиња во Канада (англиски)
- Карта на часовните појаси во САД (англиски)
Часовни појаси во Северна Америка | ||
---|---|---|
Часовен појас | Часови од UTC: стандардно време | Часови од UTC: летно време |
Хавајско-алеутски (на Хаваите) | –10 | –10 |
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) | –10 | –9 |
Алјаски | –9 | –8 |
Тихоокеански | –8 | –7 |
Планински (само Аризона и Сонора) | –7 | –7 |
Планински (други држави) | –7 | –6 |
Централен (само Саскачеван) | –6 | –6 |
Централен (други држави) | –6 | –5 |
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) | –5 | –5 |
Источен (други држави) | –5 | –4 |
Атлантски (реката Наташкван) | –4 | –4 |
Атлантски (други држави) | –4 | –3 |
Њуфаундлендски | –3:30 | –2:30 |
Свети Петар и Микелон и најголемиот дел од Гренланд |
–3 | –2 |