Атлантски часовен појас
Атлантски часовен појас — географски појас во кој се следи атлантското стандардно време (англиски: Atlantic Standard Time, AST), четири часа поназад од координираното универзално време (UTC-4); дел од годината некои делови преоѓаат на летно сметање на времето, и тогаш се три часа поназад (UTC-3). Часовничкото време во појасот се води по средното сончево време на 60° ЗГД.
Во Канада, покраините Њу Бранзвик,[1] Нова Шкотска[2] и Островот Принц Едвард го водат времето изречно како четиричасовно отстапување од средново време по Гринич (GMT-4). Мали делови од Квебек (источниот Северен Брег и Магдаленските Острови) исто така се водат по атлантското стандардно време. Целиот Њуфаундленд и Лабрадор официјално се води по њуфаундлендското стандардно време,[3] но во практика речиси сиот Лабрадор се води по атлантското.
Континенталниот дел на САД е целосно вон атлантскиот појас, но истиот сепак ги опфаќа териториите Порторико и Американски Девствени Острови.
Деловите од појасот кои преоѓаат на летно сметање го нарекуваат атлантско летно време (Atlantic Daylight Time, ADT) и тогаш се три часа зад GMT (UTC-3).
Опфат на појасот[уреди | уреди извор]
Антигва и Барбуда (нлв)
Барбадос (нлв)
Боливија (нлв)
Бразил
- Амазон (освен југозападниот дел), Рондонија, Рораима (нлв)
- Мато Гросо, Јужно Мато Гросо
Британски прекуморски територии, во следниве подрачја:
Ангвила (нлв)
Бермуда
Британски Девствени Острови (нлв)
Монтсерат (нлв)
Туркс и Кајкос (нлв)[4]
Венецуела (нлв)
- воздухопловна база Туле
Гвајана (нлв)
Гренада (нлв)
Гренланд, во следниве подрачја:
Доминика (нлв)
Доминиканска Република (нлв)
Канада, во следниве подрачја:
- Нова Шкотска
- Њу Бранзвик
- Остров Принц Едвард
- највеќето од Лабрадор
- Магдаленски Острови, Квебек
- Северен Брег (источно од 63° ЗГД), Квебек
Парагвај
САД, во следниве подрачја:
Американски Девствени Острови (нлв)
Порторико (нлв)
Света Луција (нлв)
Свети Винсент и Гренадините (нлв)
Свети Китс и Невис (нлв)
Тринидад и Тобаго (нлв)
Франција, во следниве подрачја:
- Гваделуп (нлв)
- Мартиник (нлв)
- Свети Вартоломеј (нлв)
- Свети Мартин (нлв)
Холандија, во следниве подрачја:
Аруба (нлв)
Бонер (нлв)
Курасао (нлв)
Саба (нлв)
Свети Евстахиј (нлв)
Свети Мартин (нлв)
Чиле (освен регионот Магаљанес и Антарктичката Територија)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „CHAPTER T-6 – Time Definition Act“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-07. Посетено на 2012-09-11.
- ↑ „Time Definition Act“. Архивирано од изворникот на 5 June 2008. Посетено на 2008-06-02.
- ↑ „RSNL1990 CHAPTER S-23 – STANDARD TIME ACT“. Посетено на 2007-11-16.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 2018-01-18.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Часовни појаси во Северна Америка | ||
---|---|---|
Часовен појас | Часови од UTC: стандардно време | Часови од UTC: летно време |
Хавајско-алеутски (на Хаваите) | –10 | –10 |
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) | –10 | –9 |
Алјаски | –9 | –8 |
Тихоокеански | –8 | –7 |
Планински (само Аризона и Сонора) | –7 | –7 |
Планински (други држави) | –7 | –6 |
Централен (само Саскачеван) | –6 | –6 |
Централен (други држави) | –6 | –5 |
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) | –5 | –5 |
Источен (други држави) | –5 | –4 |
Атлантски (реката Наташкван) | –4 | –4 |
Атлантски (други држави) | –4 | –3 |
Њуфаундлендски | –3:30 | –2:30 |
Свети Пјер и Микелон и најголемиот дел од Гренланд |
–3 | –2 |
|