Покраини и територии во Канада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на покраините и териториите во Канада со нивните кратенки

Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).

Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.

Покраини[уреди]

Покраини во Канада
Знаме Грб Покраина Пошт.
кратенка
Главен град Најголем град Стапила во сојуз Население[1] Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупна (км2) Службен јазик Сојузен парламент: Општински пратеници Сојузен парламент: Сенатори
Flag of Ontario.svg Arms of Ontario.svg Онтарио ON Торонто Торонто 1 јули 1867 12.851.821 917.741 158.654 1.076.395 англискиА 106 24
Flag of Quebec.svg Coat of arms of Québec.svg Квебек QC Квебек Монтреал 1 јули 1867 7.903.001 1.356.128 185.928 1.542.056 францускиБ 75 24
Flag of Nova Scotia.svg Arms of Nova Scotia.svg Нова Шкотска NS Халифакс ХалифаксВ 1 јули 1867 921.727 53.338 1.946 55.284 англискиГ 11 10
Flag of New Brunswick.svg Arms of New Brunswick.svg Њу Бранзвик NB Фредериктон Сент Џон 1 јули 1867 751.171 71.450 1.458 72.908 англискиД
францускиД
10 10
Flag of Manitoba.svg Arms of Manitoba.svg Манитоба MB Винипег Винипег 15 јули 1870 1.208.268 553.556 94.241 647.797 англискиА, Ѓ 14 6
Flag of British Columbia.svg Arms of British Columbia.svg Британска Колумбија BC Викторија Ванкувер 20 јули 1871 4.400.057 925.186 19.549 944.735 англискиА 36 6
Flag of Prince Edward Island.svg Arms of Prince Edward Island.svg Остров Принц Едвард PE Шарлоттаун Шарлоттаун 1 јули 1873 140.204 5.660 0 5.660 англискиА 4 4
Flag of Saskatchewan.svg Arms of Saskatchewan.svg Саскачеван SK Реџина Саскатун 1 септември 1905 1.033.381 591.670 59.366 651.036 англискиА 14 6
Flag of Alberta.svg Shield of Alberta.svg Алберта AB Едмонтон Калгари 1 септември 1905 3.645.257 642.317 19.531 661.848 англискиА 28 6
Flag of Newfoundland and Labrador.svg Arms of Newfoundland and Labrador.svg Њуфаундленд и Лабрадор NL Сент Џонс Сент Џонс 31 март 1949 514.536 373.872 31.340 405.212 англискиА 7 6

Белешки:

А.  дефакто; францускиот има ограничен уставен статус
Б.  Повелба за францускиот јазик; англискиот има ограничен уставен статус
В.  Нова Шкотска ги има распуштено градовите во 1996 г. за сметка на „регионални заедници“
Г.  Нова Шкотска има многу малку двојазични законодавни акти (три на англиски и француски; еден на англиски и полски); некои управни органи имаат озаконето двојазични имиња на англиски и француски
Д.  Став 16 од Повелбата за права и слободи на Канада
Ѓ.  Закон за Манитоба
  • Пред осојузувањето, Онтарио и Квебек ја сочинувале колонијалната Покраина Канада.
  • Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард биле посебни колонии.
  • Манитоба е создадена во исто време со Северозападните Територии.
  • Сакскачеван и Алберта се создадени со одвојување на земјиште од Северозападните Територии.
  • Њуфаундленд бил независен доминион во рамките на Комонвелтот пред да се припои кон Канада. Британските власти го префрлиле Лабрадор од Долна Канада во Њуфаундленд во 1809 г, но местоположбата на лабрадорската граница останала спорна сè до 1927 г. Покраината го сменила името од „Њуфаундленд“ во „Њуфаундленд и Лабрадор“ со уставен амандман усвоен на 6 декември 2001 г.
  • Со исклучок на Фредериктон и Викторија, главните градови на покраините се или најголеми или втори по големина во својата покраина. Фредериктон е на третото место во Њу Бранзвик, а пак Викторија го зазема дури десеттото место во Британска Колумбија.

Главни градови на покраините[уреди]

Територии[уреди]

Канада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада.[2][3][4] Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).

Територии во Канада
Знаме Грб Територија Пошт.
кратенка
Главен и најголем град Стапила во сојуз Население Површина: земја (км2) Површина: вода (км2) Површина: вкупно (км2) Службени јазици Сојузен парламент: Општински пратеници [Сојузен парламент: Сенатори
Flag of the Northwest Territories.svg Coat of arms of Northwest Territories.svg Северозападни Територии NT Јелоунајф 15 јули 1870 41.462 1.183.085 163.021 1.346.106 чипевјански, кри, англиски, француски, гвичински, инуинактун, инуктитут, инувијалучки, севернослејвиски, севернослејвиски, догрипски[5] 1 1
Flag of Yukon.svg Coat of arms of Yukon.svg Јукон YT Вајтхорс 13 јуни 1898 33.897 474.391 8.052 482.443 англиски
француски
1 1
Flag of Nunavut.svg Coat of Arms of Nunavut.png Нунавут NU Икалуит 1 април 1999 31.906 1.936.113 157.077 2.093.190 инуинактунски, инуктитутски,
англиски, француски
1 1

Белешка: Нунавут и Јукон се создадени со одвојување на делови од Северозападните Територии.

Главни градови на териториите[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Број на населението и домовите за Канада, покраините и териториите според пописите од 2011 и 2006 г.“. Statcan.gc.ca. 8 февруари 2012. http://www12.statcan.ca/census-recensement/2011/dp-pd/hlt-fst/pd-pl/Table-Tableau.cfm?LANG=Eng&T=101&S=50&O=A. конс. 8 февруари 2012.  (англиски)
  2. Министерство за правда на Канада (1985). „Закон за Северозападните Територии“. http://laws.justice.gc.ca/en/N-27/252179.html. конс. 27 јануари 2007.  (англиски)
  3. Министерство за правда на Канада (2002). „Закон за Јукон“. http://laws.justice.gc.ca/en/Y-2.01/265655.html. конс. 27 јануари 2007.  (англиски)
  4. Министерство за правда на Канада (1993). „Закон за Нунавут“. http://laws.justice.gc.ca/en/N-28.6/index.html. конс. 27 јануари 2007.  (англиски)
  5. Закон за службените јазици на Северозападните Територии, 1988 (со аманд. 1988, 1991-1992, 2003) (англиски)

Надворешни врски[уреди]