Магдаленски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Магдаленски Острови
Наречен и: Les Îles de la Madeleine
Magdalen Islands.png
Магдаленски Острови
Les Îles-de-la-Madeleine Quebec location diagram.png
Географија
МестоположбаАтлански Океан
Координати47°26′54″N 61°45′08″W / 47.44833° СГШ; 61.75222° ЗГД / 47.44833; -61.75222
Површина205,53 км2
Управување
ПровинцијаКвебек
Демографија
Население12,781 (2011)
Густина на население62,2 /km2 (1.611 /sq mi)
Дополнителни податоци
Часовен појас
 • Summer (DST)
Обласен код(ови)418 and 581

Магдаленските Острови (француски: Les Îles de la Madeleine, изговор: [lez‿il də la madˈlɛn]) - мал архипелаг во Заливот Сент Лоренс со површина од 205.53 km2. Иако поблиску до Островот Принц Едвард и Нова Шкотска, островите се дел од канадската покраина Квебек.

Островите се регионален округ и пописна дивизија Магдаленски Острови. со географски код е 01. Административно се поделени во две општини, и тоа: Магдаленски Острови (2011 попис, насел. 12,291) и Грос Ил (насел. 490).

Светилник на брегот на Магдаленските Острови

Географија[уреди | уреди извор]

Постојат осум главни острови: Амхерст, Гранд Антре, Гриндстон, Грос Ил, Хаус Харбор, Поант о Лу, Антре и Брион.[1][2] Сите острови, освен Брион, се населени. Постојат неколку други мали острови кои исто така се сметаат за составен дел на архипелагот: Птичја Карпа (фр. Rocher aux Oiseaux), Остров на фоките (фр. Île aux Loups-marins), Паке и Роше ди Кор Мор (фр. Rocher du Corps Mort).[3]

Порано островите внатре биле целосно покриени со борови шуми.[2] Архипелагот лежи врз стара солена купола.[1][4] Инхерентната пловност на солта го поттикнала подигнувањето на пермскиот црвен песочник. Во близина на солените куполи се верува дека има извори на фосилни горива.[5] Камена сол се ископува на Островите.[6]


Список на острови[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1534, Жак Картие бил првиот познат Европеец кој ги посетил островите. Претходно, народот Микмак ги посетувал островите илјадници години како дел од сезонската миграција за храна,[7] веројатно за ловење моржови. Голем број на археолошки наоди биле ископани на архипелагот.

Архипелагот бил именуван во 1663 од страна на Франсоа Дубле (1619 или 1620 - прибл. 1678), господар на островот, според неговата сопруга, Мадлен Фонтен.[8] Во 1765, островите биле населени со 22 франкофонски Акадијци и нивните семејства. Тие биле ловци на моржови за британскиот трговец Ричард Гридли. Денес многу жители на Магдаленските Острови (Магдаленци) го вејат акадиското знаме и се идентификуваат како Акадијци и Квебекијци.

Островите административно биле дел од британската Колонија на Њуфаундленд од 1763 до 1774. Таа година тие биле приклучени на Квебек преку Квебечкиот акт.

До 20 век, островите биле целосно изолирани во текот на зимата, бидејќи поради санти мраз патот до копното станувал непрооден со брод. Жителите на островите немале средства за комуникација со копното. Подводен кабел бил инсталиран да се овозможи комуникација со телеграф. Зимата 1910 година, кабелот пукнал и островите повторно станале изолирани. Жителите испрати итна барање за помош на копното со пишување писма и ставање во запечатено шише кое стигнувало до брегот на Островот Кејп Бретон, од каде жителите ги известувале надлежните за итен случај кај Магдаленците. Владата со мразокршачи им носела помош. По неколку години биле изградени нови безжични телеграфски станици за да се осигура комуникацијата со островите и во зимски услови. Пораката во шише станала познат симбол за преживување и секоја туристичка продавница продава реплики.

Порано, големи стада на моржови имало во близина на островите, но тие биле уништени од крајот на 18 век поради претераниот лов. Во 21-от век, островските плажи обезбедуваат живеалиште на загрозените видови како жолтоногиот звек (Charadrius melodus) и розовиот дугалски галеб (Sterna dougallii).

За подобрување на бродската безбедност, владата изградила светилници на островите за да укажуваат на пловните канали и да се намали бројот на потонатите бродови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
199113.991—    
199613.802−1.4 %
200112.824−7.1 %
200613.091+2.1 %
201112.781−2.4 %

Еден сегмент од населението се потомци на преживеаните на повеќе од 400 потонати бродови на островите. Некои од историските куќи биле изградени од дрво од потонати бродови.[9] Островите имаат некои населби подигнати од англофони. Иако поголемиот дел веќе одамна се асимилирале со франкофонското население или пак се преселиле на друго место, англофонските населби се наоѓаат во Стариот Хари, Грос-Ил и Островот Антре.

Канадски попис – Магдаленски Острови, профил на заедницата во Квебек
2011 2006 година
Популација: 12,781 (-2.4% од 2006) 13,091 (+2.1% (од 2001 година)
Површина: 205.40 km2 (79.31 sq mi) 205.40 km2 (79.31 sq mi)
Густината на население: 62.2/km2 (161/sq mi) 63.7/km2 (165/sq mi)
Средна возраст: 48.1 (M: 47.9, F: 48.4) 44.5 (M: 44.1, F: 44.9)
Вкупно приватни станови: 6,153 5,838
Средната приходи во домаќинството: $52,267 $47,914
Референци: 2011[10] 2006[11] порано[12]

Јазик[уреди | уреди извор]

Канадски попис на мајчин Јазик - Магдаленски Острови, Квебек
Попис Вкупно
Француски
Англиски
Француски и англиски
Друго
Година Одговори Брои Тренд Поп % Брои Тренд Поп % Брои Тренд Поп % Брои Тренд Поп %
2011
12,660
11,900 1.1% 94.00% 695 16.3% 5.49% 40 20.0% 0.32% 25 61.5% 0.20%
2006
12,975
12,030 1.9% 92.72% 830 16.9% 6.40% 50 100.0% 0.38% 65 62.5% 0.50%
2001
12,575
11,800 8.7% 93.84% 710 0.7% 5.65% 25 58.3% 0.20% 40 300.0% 0.32%
1996
13,730
12,925 n/a 94.13% 715 n/a 5.21% 60 n/a 0.44% 30 n/a 0.22%

Клима[уреди | уреди извор]

Поморската клима на Магдаленските Острови е значително различна од онаа на копното. Големите водени маси кои кружат на архипелагот го ублажуваат времето и да создаваат поблаги услови во секоја сезона. На островите, зимата е блага, пролетта е студена, постојат неколку топлински бранови во лето а наесен е обично топло.

Магдаленските Острови имаат најмал износ на годишен мраз во Покраината Квебек. Топлите ветрови на летото траат и во септември, а понекогаш и почетокот на октомври.[13] Сепак, и покрај ова, според Кепеновата климатска класификација климата е влажна континентална, поради зимите во просек далеку под замрзнувањето на поморските стандарди.

Највисоката температура некогаш забележана на Магдаленските Острови била 31.1 °C (88 °F) на 31 јули 1949 година.[14] Најстудената температура која некогаш регистрирана била −27.2 °C (−17 °F) на 14 февруари 1891 година.[14]

Климатски податоци за Аеродром Магдаленски Острови, 1981–2010 нормални, екстремни 1890–денес[lower-alpha 1]
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока °C (°F) 12.3

(54.1)
9.0

(48.2)
12.0

(53.6)
17.2

(63)
25.0

(77)
28.9

(84)
31.1

(88)
30.6

(87.1)
28.3

(82.9)
21.6

(70.9)
16.7

(62.1)
12.6

(54.7)
31.1

(88)
Средно висока °C (°F) −3.1

(26.4)
−4.3

(24.3)
−1.0

(30.2)
3.8

(38.8)
10.5

(50.9)
16.1

(61)
20.4

(68.7)
21.0

(69.8)
16.8

(62.2)
10.9

(51.6)
5.2

(41.4)
0.2

(32.4)
8.0

(46.4)
Дневна °C (°F) −6.4

(20.5)
−8.2

(17.2)
−4.1

(24.6)
1.2

(34.2)
7.0

(44.6)
12.5

(54.5)
17.1

(62.8)
17.8

(64)
13.9

(57)
8.2

(46.8)
2.8

(37)
−2.3

(27.9)
5.0

(41)
Средно ниска °C (°F) −9.7

(14.5)
−12

(10)
−7.1

(19.2)
−1.5

(29.3)
3.5

(38.3)
8.9

(48)
13.8

(56.8)
14.6

(58.3)
10.9

(51.6)
5.6

(42.1)
0.4

(32.7)
−4.8

(23.4)
1.9

(35.4)
Рекордно ниска °C (°F) −26.5

(−15.7)
−27.2

(−17)
−26.1

(−15)
−12.9

(8.8)
−6.1

(21)
0.0

(32)
1.8

(35.2)
3.9

(39)
−1.1

(30)
−5.6

(21.9)
−12.8

(9)
−24.4

(−11.9)
−27.2

(−17)
Средни врнежи mm (inches) 97.3

(3.83)
74.3

(2.93)
76.0

(2.99)
73.7

(2.9)
86.3

(3.4)
76.3

(3)
75.5

(2.97)
84.7

(3.33)
95.8

(3.77)
94.1

(3.7)
108.9

(4.29)
94.3

(3.71)
1,037.3

(40.84)
Врнежи mm (inches) 37.1

(1.46)
27.4

(1.08)
39.0

(1.54)
56.7

(2.23)
82.0

(3.23)
76.3

(3)
75.5

(2.97)
84.2

(3.31)
95.8

(3.77)
93.3

(3.67)
91.6

(3.61)
43.6

(1.72)
802.6

(31.6)
Средни врнежи на снег cm (inches) 61.1

(24.1)
47.5

(18.7)
37.0

(14.6)
17.0

(6.7)
4.5

(1.8)
0.0

(0)
0.0

(0)
0.0

(0)
0.0

(0)
0.7

(0.3)
17.3

(6.8)
51.7

(20.4)
236.8

(93.2)
Средни дневни врнежи (≥ 0.2 mm) 22.2 16.6 16.8 14.0 14.5 12.4 13.1 12.5 13.1 17.4 19.1 21.4 193.1
Дождливи денови (≥ 0.2 mm) 5.6 4.3 7.3 10.6 14.1 12.3 13.1 12.5 13.1 17.2 14.1 7.2 131.2
Снежни денови (≥ 0.2 cm) 20.2 14.4 12.3 6.1 0.95 0.0 0.0 0.0 0.0 0.61 7.8 17.9 80.2
Извор: Environment Canada[15][14][16]
Карпи по должината на брегот на Грос Ил

Туризам[уреди | уреди извор]

Туризмот е голема индустрија на Магдаленските Острови. Островите имаат многу километри бели песочни плажи, заедно со постојано еродирачки песочни карпи. Тие се дестинација за велосипедско кампување, морски кајак, сурфање на ветер. За време на зимските месеци, со почеток во средината на февруари, еко-туристи го посетуваат за да набљудуваат новородени и млади грендлански фоки на мразот во Заливот Сент Лоренс и околните острови.

Индустрија[уреди | уреди извор]

На островите работи Канадската Компанија за Солени Рудници, која произведува патна сол за употреба во Квебек, Канада и источниот брег на Соединетите Држави.[17] Отворен во 1982 година, рудникот и фабриката за сол се наоѓа на Грос Ил и црпи сол од подземен рудникот 30 метри под Лагуната Гранд Антре. Соларата произведува 1 милион тони сол и вработува 200 луѓе.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Кооперативата за поморски и воздушен транспорт (Groupe В. Т. М. А) раководи со траектната услуга помеѓу терминалите во Сури, Островот Принц Едвард и Кап-о Мел. Групата исто така спроведува и сезонска ферибот услуга помеѓу островите и Монтреал.[18]

Аеродромот Магдаленски Острови во Авр о Мезон нуди воздухопловни услуги на Лабрадор и копното Квебек.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на општини и територии во Квебек
  • Листа на региони во Квебек

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 K.G. Andrew Hamilton (2002). "Iles-de-la-Madeleine (Magdalen Is.): a glacial refugium for short-horned bugs (Homoptera: Auchenorrhyncha)?"(PDF). Le Naturaliste Canadien. p. 36. Archived (PDF)from the original on 2014-02-19. Retrieved 2014-09-09. All the archipelago except Le Corps Mort now lie on a single submerged plateau surrounded by shallow, sun-warmed waters which gives the islands a long, mild summer for their latitude. This plateau is a weakly sloped mound resembling a huge alluvial fan 130 by 150 km; but it is in fact covered by a rather thin layer of sediment of modern origin as all sediments older than 20,000 years have been removed from the Magdalen shelf (Loring and Nota, 1973). The plateau's convex shape is formed by a "salt dome" of ancient origin.
    Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „LeNaturalisteCanadien“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 "Magdalen Islands". Canadian Parks and Wilderness Society. Магдалинските острови формираат архипелаг кој се наоѓа во центарот на Заливот на Свети Лоренс. Севкупно, земјиштето, дините и песочните решетки на островите сочинуваат околу 200 километри квадратни.
    Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „CpawsMagdalen“ е зададен повеќепати со различна содржина.
    
  3. „Discover the islands | Tourisme Îles de la Madeleine“. www.tourismeilesdelamadeleine.com. конс. 2018-12-30. 
  4. "Ecotourism at its best". Iles Madeleine. 2008. Archived from the original on 2013-10-13. Retrieved 2014-09-09. As the salt dome below the ground boiled up, the petrified seabed above "cracked" as it rose up.
  5. Antoine Dion-Ortega (2012-11). "Fossil fuel exploration in Quebec: Uncertainty rules". CIM magazine. Archived from the original on 2014-08-03. Retrieved 2014-09-09. Околу 80 километри источно од Магдаленските Острови, преку границата од Њуфаундленд и Лабрадор, лежи 30-километарски долгата и 12 километри широката структура на Стариот Хари
  6. Dennis S. Kostick (1995). "Salt" (PDF). USGS Mineral Resources Program. Archived (PDF) from the original on 2014-02-19. Retrieved 2014-09-09. A mine accident occurred on April 28 at Canadian Salt Co., Ltd.'s Mines Saleine underground rock salt operation in the St. Magdalen Islands, Quebec. Ocean water began entering the mine around the mine shaft, which was situated 250 meters below sea level, and continued to flood until mine engineers tried to stabilize the waterflow, which was calculated to be about 240 liters per minute.
  7. Martijn, Charles. Early Mikmaq Presence in Southern Newfoundland: An Ethnohistorical Perspective, c.1500-1763. „Newfoundland and Labrador Studies“ том  19 (1): 44–102. ISSN 1715-1430. http://journals.hil.unb.ca/index.php/nflds/article/view/141/238. посет. 29 април 2012 г. 
  8. „Fiche descriptive“. www.toponymie.gouv.qc.ca. конс. 2018-12-30. 

  9. Bressanin, Anna. „A tempestuous isle of 1,000 shipwrecks“, „BBC Travel“, BBC, 24 мај 2017.
  10. "2011 Community Profiles". 2011 Canadian Census. Statistics Canada. July 5, 2013. Retrieved 2014-02-23.
  11. "2006 Community Profiles". 2006 Canadian Census. Statistics Canada. March 30, 2011. Retrieved 2014-02-23.
  12. "2001 Community Profiles". 2001 Canadian Census. Statistics Canada. February 17, 2012.
  13. „Climate | Tourisme Îles de la Madeleine“. www.tourismeilesdelamadeleine.com. конс. 2018-12-30. 

  14. 14,0 14,1 14,2
    [1], пристапено на 23 јуни 2016 година.
    Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Grindstone Island“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  15. [2], accessed 16 March 2012.
  16. [3], accessed 23 June 2016.
  17. Windsor Salt
  18. Schedule and rates - Ferry - Sea links crossing Îles de la Madeleine and Prince Edouard Island ferry, cruise on St-Lawrence

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „lower-alpha“, но нема соодветна ознака <references group="lower-alpha"/>, или пак недостасува завршно </ref>.