UTC+14:00

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
UTC+14:00: сино (декември), портокалово (јуни), жолто (цела година), светлосино (морски области)

UTC+14:00 — назнака на временско отстапување за четиринаесет часа понапред (+14) од UTC. Ова е прва часовен појас на Земјата, што значи дека областите во оваа зона се првите во кои почнува денот и со тоа се први кои ја прославуваат Новата година. Исто така, се означува и како „последна часовен појас“ на Земјата, бидејќи часовниците секогаш го означуваат „последното“ (т.н. најнапред) време од сите часовни појаси.

UTC+14:00 се протега од 30° на исток од 180. меридијан и создава голем преслап во Меѓународната датумска граница околу државата Кирибати.

Како стандардно време (цела година)[уреди | уреди извор]

Океанија[уреди | уреди извор]

Како стандардно време (зима на Јужна Полутопка)[уреди | уреди извор]

Океанија[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Државата Кирибати ја вовела промената на својата источна половина на 31 декември 1994 година, од часовните појаси UTC−11:00 и UTC−10:00 на UTC+13:00 и UTC+14:00. Претходно, часовните појаси UTC+13:00 и UTC+14:00 не постоеле. Како британска колонија, Кирибати била средиштето на Гилбертовите Острови, западно од старата датумска граница. Оддалечените Феникс и Линиски Острови биле на другата страна на датумската граница. Владините служби на спротивната страна на границата можеле да комуницираат преку радио или телефон само четири дена во неделата, кога обете страни имале исти денови во седмицата.

Ревизијата на часовниот појас на Кирибати значела дека датумската граница била поместена на исток околу оваа држава, па така Линиските Острови, вклучувајќи го населениот остров Киритимати, ја започнале 2000 година на својата територија пред било која друга држава на Земјата, предност која владата во Кирибати ја означила како можна туристичка мамка.[1]

Тонга ја користела UTC+14:00 како летно време од 1999 до 2002 и од 2016 до 2017 година,[2] и со тоа ја прославила новата 2000 година во исто време како Линиските Острови во Кирибати.

На крајот на 29 декември 2011 година (UTC−10:00), Самоа го усвоила стандардното време од UTC−11:00 на UTC+13:00 (и своето летно време од UTC−10:00 на UTC+14:00), со што ја преминала меѓународната датумска граница на другата страна.[3][4]

Алјаска (Руска Америка) имала локално време од UTC+11:30 до UTC+15:10 до 1867 година (UTC било воведено во 1960 година). Овие времиња биле локално средно време, а не часовни појаси.

UTC+14:00 се користело како летно време пред 1982 година во делови од крајниот исток на Русија (Чукотка).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ariel, Avraham; Berger, Nora Ariel (2005). Plotting the Globe: Stories of Meridians, Parallels, and the International Date Line. Greenwood Press. стр. 149. ISBN 0-275-98895-3.
  2. „Daylight Saving Time Changes 1999 in Nukualofa, Tonga“. www.timeanddate.com.
  3. Мекаб, Џоан (9 мај 2011). „Samoa to change time zones and move forward by a day“. Metro. Архивирано од изворникот 28 декември 2012.
  4. „Samoa and Tokelau skip a day for dateline change“. BBC News. 30 декември 2011. Архивирано од изворникот December 10, 2014. Посетено на 26 мај 2018.