Самоа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Malo Sa'oloto Tuto'atasi o Samoa
Независна држава Самоа
Знаме Грб
ГеслоFa'avae i le Atua Samoa
(англиски: Самоа се заснова на Господа)
ХимнаЗнаме на слободата
Главен град
(и најголем)
Апија
13°50′ ЈГШ 171°45′ ЗГД / 
Службен јазик самоански, англиски
Демоним Самоанец, Самоанка
Уредување Парламентарна република
 -  О ле Ао о ле Мало
(Шеф на држава)
Туфуга Ефи
 -  Премиер Туилаепа Аионо Саилеле Малиелегаои
Независност од Нов Зеланд 
 -  Датум 1 јануари 1962 
Површина
 -  Вкупна 2.831 км2 (174-та)
 -  Вода (%) 0.3%
Население
 -  проценка за 2008 188,540 (166та)
 -  Попис 2006 179,186 
 -  Густина 65 жит/км2 (134-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $1.100 милијарди[1] 
 -  По жител $5,732[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $537 милиони[1] 
 -  По жител $2,797[1] 
ИЧР (2007) 0.785 (среден) (77-ма)
Валута Тала (WST)
Часовен појас (UTC-10)
Се вози на лево
НДД .ws
Повик. бр. 685

Самоа, официјално Независна Држава Самоа, е островска држава во Тихиот Океан. Се наоѓа во западниот дел од Самоанските Острови во јужниот дел од Тихиот Океан. Од 1900 до 1919 година се нарекуваше Германска Самоа, а од 1914 до 1997 година како Западна Самоа. Двата најголеми острови во оваа држава се Савај и Уполу. Главен град на државата е Апија. Целата група на острови ја вклучува и Американска Самоа.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Самоа.

Прв контакт на Самоа со европејците имало во 18 век кога холанѓанецот Јакоб Рогевен пристигнал на островите во 1722. Оваа посета била проследена од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенвил и ги именувал островите со името Навигаторски Острови во 1768. Следниот период контак со европејците имало послабо, сè до 1830-тите кога англиските мисионери и трговци започнале да надоаѓаат. Мисионерските работи во Самоа започнале во 1830 од страна на Џон Вилијамс. Сè до тогаш Самоанците биле сметани за дивјаци и љубители на војни.

Како што Германците започнале да покажуваат поголем интерес за Самоанските Острови, САД изјавиле свој интерес врз нив. Покрај нив и Британија пројавила интерес за островите и тоа било проследено од шест-годишна граѓанска војна каде сите три сили се бореле за превласт. Војските сè повеќе се наоружувале и на повидок била голема војна, но за среќа во тој период имало силна бура која ја уништила сета воена опрема на војските и со тоа војната прекинала. На почетокот на 20 век се потпишал Трипартиската конвенција кога државата била поделена на два дела: источниот дел потпаднал под власт на САД и е познат денес како Американски Самоа, додека западниот дел од државата потпаднал под власт на Германија и денес е република Самоа. Британија отстапила од Самоа бидејќи добила контрола на Тонга, делови од Соломоновите Острови и Западна Африка кои претходно биле под германска контрола.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Самоа.
Карта на Самоа.

Државата се наоѓа јужно од екваторот, на пола пат од Хаваи до Нов Зеланд во регионот Полинезија во Океанија. Вкупната површина на Самоа изнесува околу 2.934 km² и е составена од два големи острови Уполу и Саваи и тие два острови сочинуваат 99% од вкупната територија на Самоа. Покрај овие два има и други помали острови. Островот Уполу е дом на три-четвртини од населението на Самоа и на тој остров се наоѓа главниот град - Апија. Најголем остров е Саваи и има население од 42.000 жители.

Климата на Самоа е тропска со просечна температура од 26.5 °C и со дождлива сезона од ноември до април.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Самоа.
Владината зграда во Апија.

Уставот на Самоа е базиран на британскиот парламентарен систем со одредени прилагодувања. Двајца шефови на државата биле назначени за доживотни лидери на Самоа и тоа биле Тупуа Тамасесе Меаоле, кој умрел во 1963 и Малиетоа Танумафили кој бил шеф на државата сè до неговата смрт на 11 мај 2007 година. Наредниот лидер на Самоа бил Туиатуа Тупуа Тамасесе Ефи кој бил избран на 17 јуни 2007 за мандат од пет години.

Парламентот на Самоа (фоно) е составен од 49 членови со мандат од пет години. Премиерот го избира парламентот. Премиерот избира 12 министри за кабинетот.

Административна поделба[уреди]

Самоа е составена од 11 окрузи и тие се истите области кои функционирале пред доаѓањето на европејците на Самоа. Главниот центар на секоја област е задолжена за нормално функционирање на областа.

Окрузите во Самоа.
  1. Уполу (со малите острови)

  2. Туамасага
  3. Ана
  4. Аига-и-ле-Таи
  5. Атуа
  6. Вао-о-Фоноти
  1. Фасалелеага
  2. Гагаемауга
  3. Гагаифомауга
  4. Ваисигано
  5. Сатупаитеа
  6. Палаули

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Самоа.

Економијата на Самоа се базирала и се базира на финансиска помош од странство и од самоански фамилии кои живеат во странство. Покрај тоа таа се базира и на извозот на земјоделски производи каде се вработени две-третини од работоспособното население на земјата. Во Самоа се произведува кокосово масло, кокосов крем и копра. Производствениот сектор на Самоа се занимава со земјоделски продукти.

БНП на земјата во 2006 година бил проценет на 1.218 милијарди американски долари.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Самоа.

Според ЦИА, Самоа има население од 182.265 жители од кои 92.6% се Самоанци, 7% мешано население и 0.4% европејци. Повеќето европејци се Германци и Новозеланѓани кои останале во Самоа после Првата светска војна. Околу три-четвртини од населението живее на островот Уполу.


Околу 98% од Самоанците се христијани поделени на повеќе цркви.

Култура во Самоа[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура на Самоа.

Традиционалниот самоански начин на живот е сè уште силен елемент во земјата. Покрај вековното европско влијание, Самоа ги зачувала старите традиционални вредности, обичаи, социјалниот и политичкиот систем и јазикот. Самоанците се многу духовен и религиозен народ и успешно го вклопиле христијанството во својата традиција.

Самоанците имаал свои богови и се зачувани како митолошки приказни. Традиционалниот самонаски начин на живот се базира на односите помеѓу луѓето.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Друго

Видете исто така[уреди]