Уполу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уполу
Samoa mk.svg
Карта на Самоа со острвот Уполу на десна страна.
LocationSamoa.png
Географија
МестоТихи Океан
Координати13°55′S 171°45′W / 13.917° S; 171.750° W / -13.917; -171.750
Површина1.125 км2
Должина75 км
Највисоко издигнување1.113 м
Највисока котаФито
Управување
Најголема населбаАпија (pop. ~35,000)
Демографија
Население143,418 (2011)
Густина на население127 /km2 (329 /sq mi)
Етнички групи92.6% Самоанци, 7% мешани, 0.4% европејци


Уполу (самоански: Upolu) е остров во државата Самоа.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е долг 75 километри и има вкупна површина од 1125 километри квадратни, што го прави втор по големина во државата. На Уполу живеат околу 145.000 жители и со тоа е најнаселен самоански остров. Уполу се наоѓа југоисточно од Саваи. Апија, главниот град на државата, се наоѓа во средишниот дел на северниот брег. На западниот дел од островот се наоѓа Меѓународниот аеродром Фалеоло. Нема забележано вулкански ерупции, но има остатоци од три дамнешни потоци од лава.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон поседувал имот на Уполу во селото Ваилима. Тој умрел на Уполу во 1894 година и е закопан на врвот на брдото Ваеја, каде гробот гледа кон неговиот имот. Поседот бил откупен во 1900 година и служел како службена резиденција на германскиот гувернер на Германска Самоа. Кога Британија ја презела контролата врз островите, Британците го конфискувале имотот и го ставиле во иста употреба. Денес е резиденција на шефот, односно претседателот, на Самоа.

Жив свет[уреди | уреди извор]

Уполу е дом на еден многу редок вид пајак. Според Гинисовата книга на светски рекорди, пајакот е голем колку точката на печатена страница.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Smallest spider“. Guinness World Records. Посетено на 6 July 2017.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Upolu“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 13°55′S 171°45′W / 13.917° S; 171.750° W / -13.917; -171.750