Саваи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саваи
Наречен и: „Душата на Самоа“
Samoa mk.svg
Карта на Самоа
LocationSamoa.png
Географија
МестоТихи Океан
Координати13°35′S 172°25′W / 13.583° ЈГШ; 172.417° ЗГД / -13.583; -172.417
АрхипелагСамоански Острови
Површина1.694 км2
Должина70 км
Ширина46 км
Највисоко издигнување1.858 м
Највисока котаСилисили (1,858m)
Управување
Демографија
Население43,142[1] (2006)
Густина на население25 /km2 (65 /sq mi)
Етнички групи92.6% Самоанци, 7% мешани, 0.4% европејци
Дополнителни податоци
Последна ерупција на Матавану (1905 - 1911)


Саваи (самоански: Savaiʻi) е остров во Самоа. Со своите 1694 километри квадратни, Саваи е најголем остров остров во Самоа и Самоанските Острови. Врвот Силисили е највисока планина во островите со надморска висина од 1858 метри. Саваи е шести најголем остров во Полинезија.

Саваи е дом на 43.142 жители, податоци согласно последниот попис од 2006 година, односно на островот живее 24% од населението на Самоа.[1] На островот има повеќе населени места, но единственото гратче е Салелолога, кое воедно е траектен терминал. Ова гратче е главната точка за влез на островот и се наоѓа во источниот дел на островот. Сите населени места се поврзани со регонален пат и се опслужуваат со редовни локални автобуски линии.

Саваи е составен од шест окрузи, на самоански наречени утумало (itūmālō). Секој округ е составен од села кои се традиционално поврзани меѓу себе.

Географија[уреди | уреди извор]

Саваи се наоѓа северозападно од островот Уполу. Овие два острова се одделени од протокот Аполима, кој пак е широк 13 километри. Во самиот проток се наоѓаат двата мали острова Маноно и Аполима. Саваи е со вулканско потекло и планините се прекриени со густа шума. Островот има плодни рамнини со бројни реки и потоци.

Климата на Саваи е тропска со значително влијание од океанот. Често се забележуваат високи температури со значителна влажност на воздухот. Дождливата сезона е од ноември до април.

Саваи е најголем штитест вулкан во Јужниот Тихи Океан[2] и само 3% е над вода.[3] Вулканот е актувен и последната ерупција е забележана во периодот од 1905 до 1911 кога биле уништени села во северниот дел на централното плато.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Салелолога е главното пристаниште и единственото гратче на островот. Гратчето се наоѓа во источниот дел на островот каде се наоѓа и главниот траектен пункт на островот. Од едниот до другиот острово се пристигнува за од прилика 90 минути. Траектот оперира само преку ден.

Островот, поточно секое населено место на островот е поврзан со пат кој е во одлична состојба. Со нормално возење островот се заобиколува за околу 3 часа. Патот поминува покрај брегот каде се наоѓаат населените места. Во Самоа се вози на лево. Самоа е единствената држава во 21 век која преминала од десно кон лево возење.[4]

На островот се наоѓа аеродромот Маота, кој има мала писта и основни објекти. Аеродромот се наоѓа на 10 минути јужно од Салелолога. Летовите од едниот до другиот остров се околу 30 минути.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Final Population and Housing Census 2006“. Samoa Bureau of Statistics. July 2008. Архивирано од изворникот на 2011-01-01.
  2. Rottman, Gordon L. (2002). World War 2 Pacific island guide. Greenwood Publishing Group. стр. 88. ISBN 978-0-313-31395-0. Посетено на 2014-07-26.
  3. „Samoa Found To Be in Path of Geological Hotspots, Adding Fuel To Debate Over Origins of Volcanic Chains“. Science Daily. Adapted from materials provided by Oregon State University. 17 June 2008. Архивирано од изворникот на 2013-05-14.
  4. „Samoa switches to driving on left“. BBC News. 7 September 2009. Архивирано од изворникот на 2011-08-05.
  5. „SavaiʻI Guide Overview“. Архивирано од изворникот на 3 July 2009. Посетено на 22 September 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Savaiʻi“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)

Координати: 13°35′S 172°25′W / 13.583° ЈГШ; 172.417° ЗГД / -13.583; -172.417