Гагаифомауга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гагаифомауга
округ
Карта на Самоа со означен Гагаифомауга
Карта на Самоа со означен Гагаифомауга
Држава Самоа
Население (2016)
 • Вкупно4.878
Часовен појас-11

Гагаифомауга (самоански: Gagaʻifomauga) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во северниот дел на островот Саваи. Според податоците од пописот од 2016 година, островот има население од 4.878 жители. Округот ги вклучува селата: Аопо, Лефагаоали, Манасе, Сафуне, Сафоту, Самауга и Сасина. Административен центар на округот е Аопо.[1] Манасе, Сафоту, Сасина и Сафуне се крајбрежни села, Самауга е на брдо покрај брегот а во внатрешноста е Аопо. Особено е познато селото Манасе поради тоа што голем број туристи доаѓаат поради традиционалните колиби (фале) на самата плажа.Сите села се поврзани со добар пат.

Околу селото Аопо има шумски резерват. Во селото може да се изнајмат и локални водичи за посета до планината Силисили.

Изборни единици[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на округот.

Округот е поделен на три изборни единиц:.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] The Samoa Islands: Constitution, pedigrees and traditions by Augustin Krämer, p.72
  2. „Territorial Constituencies Act 1963 (Samoa)“. Pacific Islands Legal Information Institute. Архивирано од изворникот на 5 June 2011. Посетено на 29 May 2010.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Координати: 13°29′S 172°30′W / 13.483° ЈГШ; 172.500° ЗГД / -13.483; -172.500