Фасалелеага
| Фасалелеага | |
|---|---|
| округ | |
Сателитска снимка на округот | |
Карта на Самоа со означен Фасалелеага | |
| Држава | |
| Население (2016) | |
| • Вкупно | 13.566 |
| Час. појас | +13 |
Фасалелеага (самоански: Faʻasaleleaga) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа во источниот дел на Саваи. Традиционален центар на округот е Сафотулафаи, а најголемо место е гратчето Салелолога, кое е единственото гратче на островот. Според пописот од 2016 година округот има население од 13.566 жители. Сафотулафаи е избран за центар на округот бидејќи на тоа место било збирното место на кланот во регионот во минатото. Исто така, местото е родно место на движењето Мау а Пуле, движење против колонијалното управување.[1] Ова движење прераснало во национално Мау движење, кое се изборило за независност на Самоа во 1962 година. Салелопога е главниот трговски и транспортен центар на округот и островот. Има траектен пункт кој го поврзува Сува со Уполу. На 10 минути јужно од гратчето е аеродромот Маота.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ , International Dictionary of Historic Places: Asia and Oceania by Trudy Ring, Robert M. Salkin, Paul E Schellinger, Sharon La Boda, p. 726