Гагаемауга
Гагаемауга | |
---|---|
округ | |
Самоанско фале, односно куќа за средби, во Лелепа. | |
Карта на Самоа со означен Гагаемауга | |
Држава | Самоа |
Население (2016) | |
• Вкупно | 7,840 |
Час. појас | -11 |
Гагаемауга (самоански: Gagaʻemauga, „блиска страна на планина“) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа во северниот дел на островот. Традиционален центар на округот е Салеаула каде се сретнувале окружните поглавици и оратори. Како и останатите села во Самоа, така и тука селата се распоредени покрај крајбрежјето, со исклучок на некои.
За Самоа е значаен податокот дека Џорџ Прат, англиски мисионер, живеел во Матауту.[1] Тој ја напишал првата граматика и речник за самоанскиот јазик.[2]
Гагаемауга има и две ексклави на островот Уполу. Двете ексклави се наоѓаат на другиот остров поради ерупцијата на вулканот Матавану во 1900-те. Вулканот ги погодил тогашните села Леаува и Саламуму и населението било преселено на Уполу. Поради тоа што населението било по потекло од Саваи, овие села биле приклучени на Гагаемауга.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ron Crocombe, Majorie Crocombe. Works of ta'unga: records of a polynesian traveller in the south seas, 1833-1896. University of the South Pacific. стр. 19. ISBN 982-02-0232-9.
- ↑ „New Zealand Electronic Text Centre“. Посетено на 2009-04-16.