Ва-о-Фоноти

Координати: 13°57′S 171°32′W / 13.950° ЈГШ; 171.533° ЗГД / -13.950; -171.533
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ва-о-Фоноти
округ
Поглед кон селото Уафато во заливот Фагалоа
Поглед кон селото Уафато во заливот Фагалоа
Карта на Самоа со означен Ва-о-Фоноти.
Карта на Самоа со означен Ва-о-Фоноти.
Држава Самоа
Население (2016)
 • Вкупно1.621
Часовен појас+13

Ва-о-Фоноти (самоански: Va'a-o-Fonoti) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Уполу.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа на островот Уполу, поточно во североисточниот дел на островот. Округот има вкупна површина од 38 км2 и ја зафаќа областа околу заливот Фагалоа, како и едно село, ексклава, која е на 10 километри северозападно. Во округот има 10 села. Административен центар на округот е селото Самамеја. Округот е опколен од округот Атуа. Округот има вкупно население од 1621 жител според пописот од 2006 година, од кои само ексклавата има 582. Овој е најмал округ по број на жители во Самоа.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Ва-о-Фоноти бил основан како засебна традиционална кланска област (денес округ) во 16 век за време на воениот конфликт помеѓу благородничките челници на Атуа Фоноти Тупу Тафаифа од една страна и неговите браќа Вафусуага Толеафоа и Самалаулу од другата страна. Фоноти победил во овој конфликт и на народот од тој дел од Атуа им подарил засебна управа. Новиот создаден регион бил именуван во чест на Фоноти, име кое до денес се користи и значи „воено кану на Фоноти“..[2] Кланската титула во округот е Улуалофаига Таламаивао. Моментално оваа кланска титула е празна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fagaloa Bay - Uafato Tiavea Conservation Zone“. UNESCO World Heritage. Посетено на 13 November 2009.
  2. [1] The making of modern Samoa by Malama Meleisea, p.132

Поврзано[уреди | уреди извор]

13°57′S 171°32′W / 13.950° ЈГШ; 171.533° ЗГД / -13.950; -171.533