Кокосов крем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кокосов крем

Кокосов крем е многу сличен на кокосово млеко но содржи помалку вода. Разликата воглавно е густината. Кремот е погуст, за разлика од млекото кое е потечно. Кокосовиот крем се користи како состојка при готвење, има благ вкус но не и сладок.

Кокосовиот крем може да се направи и преку чување на кокосово млеко од конзерва во ладилник неколку дена. Кокосовиот крем е густата маса која се одвојува и течниот дел и се наоѓа врз кокосовото млеко. Измешан со ванилин шеќер може да се употребува како бел прелив за благи палачинки.

Алтернативно значење[уреди | уреди извор]

Кокосов крем исто така е и име за мешавина од кокосовото месо и шеќер која во некои продавници може да се купи во конзерви. Се користи за десерти и пијалаци како на пр. пинаколада.

Поврзано[уреди | уреди извор]