Токелау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Токелау
Знаме на Токелау Грб на Токелау
Знаме Грб
ГеслоTokealau No Te Atua
Главен граднема, секој атол има свој административен центар
Службен јазик токелајски, англиски
Уредување уставна монархија
 •  Шеф на држава Елизабета II
 •  Управник Дејвид Пејтон
 •  Шеф на влада Фоуа Толоа
Територија на Нов Зеланд
 •  Устав на Токелау 1948 
Површина
 •  Вкупна 10 км2 
Население
 •  проценка за 2007 г. 1.449 
 •  Попис 2006 1,4661 
 •  Густина 115 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 1993 г.
 •  Вкупен $1.5 милиони 
 •  По жител $1,035 
Валута новозеландски долар (NZD)
Часовен појас (UTC-10)
НДД .tk
Повик. бр. 690

Токелау (токелајски: Tokelau) е територија која му припаѓа на Кралството Нов Зеланд. Се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Островите Токелау се составени од 3 големи атоли. Овие острови имаат своја влада надвор од она на Нов Зеланд,а од 1976 година официјалното име е Острови Токелау, но денес се сретнува и името Сојузни острови кое е постаро.

Етимологија и последици од името[уреди | уреди извор]

Зборот токелау на полинезиски значи северен ветер, а во примена е од 9 декември 1976 како офоицијално име на оваа островска територија.

Всушност денес многу често се употребува само Токелау наместо Острови Токелау што е и официјалното име на територијата.Тоа е за да може полесно да се одреди географската структура на територијата,односно дека станува збор за острови.

Географски карактеристики[уреди | уреди извор]

Островите Токелау се наоѓаат во јужниот дел обиколен од Тихиот Океан, помеѓу 171° и 173° ЗГД и од 8° до 10° ЈГШ. Најголеми се трите атоли Атафу, Нукунону и Факаофо. Овие острови зафаќаат површина од 10.8 km², ана нив живеат околу 1.500 жители.

Карта на островите Токелау

Поради големата близина до екваторот на овие острови владее топла екваторска клима, којашто поради приморската област е со нешто пониски температури.

За разлика од Нов Зеланд, во Токелау времето се смета 10 часа порано според Гринич, а тоа е цели 22 часа разлика во однос на Нов Зеланд.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во Токелау целото население од 1.500 жители го сочинуваат Полинезијци, а службени јазици се токелајскиот и англискиот. Земјата има многу слабо развиена економија, а не располага со некои ресурси, па поради тоа многу од нив се селат до островите со поголеми можности како Нов Зеланд и Самоа.

Населението главно се занимава со риболов, и тоа со лов на туна.

Населението главно е со христијанска вероисповед, и тоа најмногу од нив се методисти,по нив се католиците, а многу мал дел од населението се припадници на некоја од локалните религии. На островите Атафу и Факаофо има методистички цркви, а на Нукуну католичка црква.

Поврзано[уреди | уреди извор]