Токелауански јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Токелауански јазик
Tokelau
Застапен во Flag of Tokelau.svg Токелау
Говорници Вкупно 3.200., со 1.400 во Токелау (2004)  
Јазично семејство
австронезиско
Статус
Службен во Токелау, Американска Самоа, Нов Зеланд
Јазични кодови
ISO 639-3 tkl

Токелауанскиот јазик (изворно: Tokelau) е австронезиски јазик од Пацификот.

Говорници[уреди]

Токелауанскиот јазик го зборуваат околу 1.700 жители на атолите кои го сочинуваат Токелау, но и од малкумината жители на осровот Свејнс кој ѝ припаѓа на соседната Американска Самоа. Токелауанскиот спаѓа во семејството на самојски јазици, подргупа на полинезиските јазици. Тој е службен јазик на Токелау заедно со англискиот. Посвен населението на Токелау, јазикот го зборуваат и околу 2.900 токелауански иселеници во Нов Зеланд. Овој јазик моментално се учи приватно, како и во неколку училишта во Брентвуд во Есекс, Англија.

Јазикот има ISO 639-3 код „tkl“.

Сличности со други јазици[уреди]

Токелауанскиот јазик е сличен на тувалуанскиот, главниот јазик на соседната територија Тувалу, и користи самоанска литература. Токелауанскиот исто така има големи сличности со јазикот ниуафооу, зборуван во Тонга.

Токелауанскиот јазик се пишува со латиница, но само со 15 букви: a, e, i, o, u, f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Писмото се состои од 5 самогласки: a, e, i , o, u; и 10 согласки: f, g, k, l, m, n, p, h, t, v.

Управникот за образование на Токелау Лоимата Иупати работи на превод на Библијата на токелауански јазик.

Фрази[уреди]

Tokelauan English
Fanatu au là? Да дојдам и јас?
Ko toku nena e i Nukunonu. Баба ми живее во Нукунону.
Malo ni, ea mai koe? Здраво, како си?

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]