Тувалски јазик
Тувалски јазик | |
---|---|
Te Nganana Tuvalu | |
Застапен во | Тувалу, Фиџи, Кирибати, Науру, Нов Зеланд |
Говорници | 10.670 во Тувалу, вкупно 13.051. |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | Тувалу |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | tvl |
ISO 639-3 | tvl |
Тувалски јазик — јазик од полинезиската група кој има службен статус во Тувалу. Сроден е со останатите полинезиски јазици, како што се хавајски, маорски, тахитски, самоански или тонгански. Тувалскиот јазик има позајмено доста зборови од самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 13.000 говорници.
Јазични влијанија
[уреди | уреди извор]Овој јазик имал значителен контакт со кирибатскиот јазик, потоа со самоанскиот јазик, а во последно време со англискиот јазик. Кирибатскиот јазик бил значаен за Тувалу за време на колонизацијата. Денес, јазикот има влијание од англискиот јазик.
Дијалекти
[уреди | уреди извор]Тувалскиот јазик е поделен на две дијалектни групи: севернотувалски и јужнотувалски. Севернотувалските дијалекти се зборуваат на островите Нанумеја, Нанумага и Ниутао, додека јужнотувалските се зборуваат на Фунафути, Ваитупу, Нукуфетау и Нукулаелае. Сите дијалекти се разбираат меѓу себе. Стандардниот јазик се заснова на дијалекто Фунафути-Ваитупу.
Поврзано
[уреди | уреди извор]![]() | Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |