Прејди на содржината

Региони во Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на регионите и територијалните управи или единици (окрузите и градовите) на Нов Зеланд.

Регион (анг. region) — формален поим за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални единици (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни управи. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од поединечна територијална управа на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните управи, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.

Должности

[уреди | уреди извор]

Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните управи се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.

Региони во Нов ЗеландНортлендОклендОклендОклендЗалив ПлентиГизборнХоков ЗаливВелингтонТасманТасманНелсонМарлбороМарлбороЗападно КрајбрежјеЗападно КрајбрежјеКантербериСаутлендСаутленд
Региони во Нов Зеланд
Регион Регионален совет Админ. центар Остров Површина (км²)[1] Население[2] ISO 3166-2
1НортлендРегионален совет на НортлендФангареиСеверен13.941179,100NZ-NTL
2ОклендОклендски советОклендСеверен5.6001,695,900NZ-AUK
3ВаикатоОколина ВаикатоХамилтонСеверен25.598468,800NZ-WKO
4Залив ПлентиРегионален совет на Заливот ПлентиФакатанеСеверен12.447305,700NZ-BOP
5Гизборн (1)Регионален совет на ГизборнГизборнСеверен8.35149,100NZ-GIS
6Хоков ЗаливРегионален совет на Хоковиот ЗаливНејпиерСеверен14.164165,900NZ-HKB
7ТаранакиРегионален совет на ТаранакиСтратфордСеверен7.273119,600NZ-TKI
8Манавату-ВангануиРегионален совет ХорајзонсПалмерстон НортСеверен22.215243,700NZ-MWT
9ВелингтонРегионален совет на ВелингтонВелингтонСеверен8.124521,500NZ-WGN
10Тасман (1)Окружен совет на ТасманРичмондЈужен9.78652,100NZ-TAS
11Нелсон (1)Градски совет на НелсонНелсонЈужен44551,900NZ-NSN
12Марлборо (1)Окружен совет на МарлбороБленемЈужен12.48446,600NZ-MBH
13Западно КрајбрежјеРегионален совет на Западното КрајбрежјеГрејмутЈужен23.33632,600NZ-WTC
14КантербериРегионален совет на КантербериКрајстчерчЈужен45.346624,000NZ-CAN
15ОтагоРегионален совет на ОтагоДаниднЈужен31.990229,200NZ-OTA
16СаутлендРегионален совет на СаутлендИнверкаргилЈужен34.34799,100NZ-STL

(1) Овие региони се унитарни управни единици.

Области вон регионалните граници

[уреди | уреди извор]

Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и подантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.

Раководство

[уреди | уреди извор]

Советите се бираат со јавно гласање секои три години.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Густина на живеење: Табела 1 Архивирано на 28 ноември 2007 г., Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 (англиски) Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари.
  2. „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]