Залив Пленти
| Залив Пленти Bay of Plenty | |
|---|---|
| регион | |
| Земја | Нов Зеланд |
| Остров | Северен Остров |
| Седиште | Факатане |
| Управа | |
| • Претседавач | Даг Водач |
| Површина | |
| • Вкупна | 12.231 км2 (4,722 ми2) |
| Час. појас | NZST (UTC+12) |
| • Лето (ЛСВ) | NZDT (UTC+13) |
| ISO 3166 | NZ-BOP |
| Мреж. место | boprc.govt.nz |
Залив Пленти (англиски: Bay of Plenty, маорски: Te Moana-a-Toi = „залив на изобилството“), е регион на Северниот Остров на Нов Зеланд сместен околу истоимениот залив. Најголемиот град е Тауранга, во неговиот западен крај. Наречен е по истоимениот залив на чии брегови излегува.
Самиот залив
[уреди | уреди извор]Заливот се протега од основата на заливот Коромандел на запад, па сѐ до ’ртот Ранавеј на исток. Регионот го граничат планинските венци Каимаи и Мамаку на запад и оди навнатре до ретко население шумовити предели околу Роторуа, Каверау и Мурупара. Во заливот има неколку острови, меѓу кои Мајоров Остров/Тухуа, Мотити, Китски Остров и активниот вулкан Факаари/Бел Остров.
Заливот бил именуван од Џејмс Кук во ноември 1769. Му го дал името „Залив на Изобилството“ заради обилните количества храна кои ги нашол посетувајќи крајбрежни маорски села.
Регионот
[уреди | уреди извор]Регионот според податок од 2006 брои 262.900 жители, кое би нараснало на 277,900 до 2011 г. Два града се доминантни: Тауранга (111,500) и Роторуа (54,800). Другиу градовиво регионот се Те Пуке, Каверау, Катикати и Опотики. Главни стопански гранки во регионот се земјоделството и туризмот, со тоа што прилично популарна атракција е геотермичкиот регион околу Роторуа.
Регионот е шумовит, кои дрва се користат за дрвната индустрија, а друга голема гранка е земјоделството. Климата на крајбрежните предели е речиси тропска, влажна и топла во најголемиот дел од годината, но повнатре околу Роторуа просечната температура е за 2 С° пониска. Важни култури се кивито, јаболкото, авокадото и дрвената граѓа. Како и низ цел Нов Зеланд, овчарството е често, но сѐ повеќе и говедарството е во подем.
Заради потребата од пренесување на дрвени трупци до пристаништето во Тауранга се забележува развој во транспортната мрежа. Железничка линија постои помеѓу Таурнга и регионот Ваикато, па сѐ до источните заливи. Линијата служи само за товарни возови.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во пописот од 2006 севкупното население на регионот Залив Пленти изнесувало 257,379.
Од нив, 28% се изјасниле како маори. 23% биле под 15 годишна ворзаст, а 3.9% биле невработени.
Најголеми населени места
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| „Залив Пленти“ на Ризницата ? |
| |||||||||||||||||
