Оддалечени острови на Нов Зеланд
Оддалечените новозеландски острови (англ. New Zealand outlying islands) се состојат од девет островски групи, сместени во суптропиците и подантарктикот, кои се составен дел на Нов Зеланд но се наоѓаат вон новозеландскиот континентален гребен. Иако се сметаат за составен дел од Нов Зеланд, седум од деветте групи не припаѓаат на ниеден регион или округ, туку се сметаат за „Подрачје вон територијална управа“. Двата исклучока се Четемските Острови, коисамите се специјална територијална единица (островски совет), и Соландеровите Острови, кои му припаѓаат на регионот Саутленд и округот Саутленд.
Поимот понекаде се користи и во контекст на Балените, група подантарктички острови кои технички се сметаат за дел од Росовата Зависност и се водат според Антарктичкиот договор.
Петте островски групи на Новозеландските Подантарктички Острови, заедно со нивните територијални води се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.
Островски групи[уреди | уреди извор]

Островските групи од север кон југ:
Населеност[уреди | уреди извор]
Сите острови се ненаселени освен Четемските Острови.
На островот Рауловиот Остров од групата Кермадек постои метеоролошка станица со персонал. Метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров нема персонал бидејќи е автоматизирана уште од 1995. На Оклендовите Острови постоела метеоролошка станица од 1942 до 1945 г. Трикралевите Острови и Оклендовите Острови порано биле населени. Постоеле неуспешни обиди за населување на Рауловиот Остров, Антиподските Острови и Оклендовите Острови. Соландеровите Острови никогаш не биле населени, освен некои исфрлени патници на диво (најдолго од 1808 до 1813 од пет патници на диво од Европа).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Новозеландски Подантарктички Острови Архивирано на 5 декември 2008 г. (англиски)
Административна поделба на Нов Зеланд
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Државно ниво | Кралство Нов Зеланд | ||||||||||
Државно ниво | Нов Зеланд | Токелау | Кукови Острови | Ниуе | Росова Зависност | ||||||
Региони | 12 неунитарни региони | 4 унитарни региони | Четемски Острови | Кермадек | Подантарктички Острови | ||||||
Територијални единици | 16 градови и 57 окрузи | ||||||||||
Белешки | Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион | Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно | Специјална територијална единица | Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените острови | Земји под управа на Нов Зеланд | Држави во слободно здружение со Нов Зеланд | Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор |