Хоков Залив
Регионален совет на Хоковиот Залив | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регионален совет | |
---|---|
Име: | Регионален совет на Хоковиот Залив |
Претседател: | Ајлин вон Даделсцен |
Population: | 149,900 јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г. |
Површина: | 14,111 км2 |
Портал: | http://www.hbrc.govt.nz |
Градови | |
Поголеми: | Нејпиер, Хејстингс |
Помали: | Ваироа, Ваипукурау, Такапау, Хевлок Север, Тарадејл, Гринмидоуз, Ескдејл, Клајв, Фрејзертаун, Миани |
СОставни административни единици | |
Имиња: | округ Ваироа, округ Хејстингс, град Нејпиер и округ Централен Хоков Зелив, мал дел од округот Таупо. |
Портали: | http://www.napier.govt.nz http://www.hastings.govt.nz[мртва врска] http://www.wairoadc.govt.nz http://www.chbdc.govt.nz http://www.taupo.govt.nz |
Хоков Залив (англ. Hawke's Bay, маор. Heretaunga) е регион во Нов Зеланд. Регионот насекаде во светот е познат како центар за висококвалитетни вина. Регионалниот совет е заседава во два града - Нејпиер и Хејстингс.
Географија
[уреди | уреди извор]Регионот е сместен на источниот брег од Северниот Остров. Името го носи по Хоковиот Залив, кој е голем полукружен залив кој се протега 100 километри од североисток до југозапад на полуостровот Махаиа до ртот Киднаперс.
Регионот се одликува со ридесто крајбрежје околу северниот и централниот дел на заливот, плавните земјишта околу реката Ваироа на север, и широката плодна рамнина Херетаунга околу Хејстингс на југ, а внатрешноста му е ридеста, протегајќи сè до планинските венци Кавека и Руахине.
Границите на регионот донекаде се разликуваат од поранешните провинциски граници на Хоковиот Залив, и некои места во регионот Манавату-Вангануи на југозапад како Денвирк и Вудвил се сметаат себеси дека припаѓаат во регионот Хоков Залив.
Регинот со состои од округот Ваироа, округот Хејстингс, градот Нејпиер и округот Централен Хоков Залив, како и мали делови од окрузите Таупо и Рангитикеи.
Историја
[уреди | уреди извор]Помеѓу 1858 и 1876 година, Хоковиот Залив ја сочинувал покраината Хоков Залив како откога се отцепила од покраината Велингтон по состанок во Нејпиер во февруари 1858 г.
На 2 февруари 1931, Нејпиер и Хејстингс биле разрушени во катастрофалн земјотрес од 7.9 според Рихтеровата скала, во која загинале 256 луѓе. Нејпиер почнал со масовна реизградба и денес е светски познат како место со највеќе Арт Деко згради. Секој февруари оваа особеност на градот се слави со настанот наречен Арт Деко викенд.
Население
[уреди | уреди извор]Во 2006 во регионот живееле 147,783 луѓе. Од овие 55,359 живееле во Нејпиер. Главните урбани места се Нејпиер и Хејстингс. Помали места се Ваироа, Хевлок Север, Тикокино, Ваипава, Ваипукурау и Такапу. Регионот има значителен број на маорско население (24%). Предоминантен е родот Нгати Кахунгуну.
Клима и земјоделство
[уреди | уреди извор]Регионот се одликува со долги топли лета, и студени зими, и како таков има најдобро време за одлегување на грозје. Климата е сува и умерена. Хоковиот Залив е познат по своите големи овоштарници лозја на рамнините. Во ридестите предели предоминира сточарството, со шумарски блокови во најдивите места.
Други информации
[уреди | уреди извор]Во регионот се наоѓа ридот со најголо име во Нов Зеланд и второ најдолго во светот според Гинисовата книга на рекорди. Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху е неособен рид во јужниот дел на Хоковиот Залив, недалеку од Ваипукурау.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хоков Залив“ на Ризницата ? |
- Официјален туристички портал на Хоковиот Залив Архивирано на 29 март 2010 г. (англиски)
- Портал за нови доиселеници - Беспплатни услуги (англиски)
- Нов во Хоковиот Залив Архивирано на 12 март 2016 г. - Информации за нови жители (англиски)
- Градски портал на Нејпиер (англиски)
|