Северен Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северен Остров
North Island
Te Ika-a-Māui
NewZealand.A2002296.2220.250m North Island crop.jpg
Сателитска снимка на Северниот Остров
Географија
Место Нов Зеланд
Координати 38°24′ ЈГШ 175°43′ ИГД / 
Површина 113.729 км2
Ранг 14.
Најг. висина 2.797 м
Најв. точка Руапеху
Управа
Нов Зеланд
Најголемо нас. место Окленд (нас. 1.495.000)
Демографија
Население 3.596.200 (јуни 2016 г.)
Густина 31,6 /км2

Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113.729 км² [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]

Региони на Северниот Остров[уреди | уреди извор]

Северниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.

Градови на Северниот Остров[уреди | уреди извор]

(помали населени места може да се најдат на Список на градови во Нов Зеланд.)

Географски поими[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. На некои карти од XIX век, Северниот Остров е наречен New Munster (Нов Манстер).
  2. Статистика Нов Зеланд Geography - physical features
  3. Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот Остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.

Координати: 38°24′Ј, 175°43′И