Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Таумата is located in Нов Зеланд
Таумата
Надворешни аудиоснимки
Изговор, страница на Комисијата за маорски јазик

Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху (маорски: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu или Taumatawhakatangihangakoauauotamateapokaiwhenuakitanatahu) — рид со височина од 305 м, кој се наоѓа близу Порангахау, јужно од Ваипукурау во јужниот дел на регионот Хоков Залив, Нов Зеланд. Мештаните ова име често го скратуваат на само Таумата. Со 92 букви, ова е вториот најдолг географски поим на светот (според Гинисовата книга на рекорди) и со оваа верзија има влезено во истата.

Новозеландската база на топоними (во надлежност на LINZ), го има заведено името како „Taumata­whakatangihanga­koauau­o­tamatea­pokai­whenua­ki­tana­tahu“.[1] Ова име се прочуено поради фактот што претставува најдолгиот топоним во англофонските земји.

На знакот стои истово име во верзијата: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu, што отприлика би се превело: „Врвот на ридот, каде Таматеа, човекот со големите колена, кој се лизна, се искачи и голтна планини, [за да патува по земјата], познат како јадачот на земја, ѝ свиреше на носна флејта на неговата љубена“. Оваа верзија има „само“ 85 букви.

Знакот со името на ридот

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Топоними: За Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху". Новозеландска географска база на топоними. Земјишни информации Нов Зеланд. конс. 25 јануари 2009.  (англиски)

Координати: 40°20′46″ ЈГШ; 176°32′25″ ИГД / 40.346° ЈГШ; 176.5402° ИГД / -40.346; 176.5402