Таупо
Таупо | |
Местоположба | |
---|---|
Земја: | Нов Зеланд |
Остров: | Северен Остров |
г.ш. и г.д.: | |
Распространетост | Од Нукухау до Ваипахихи |
Статистика | |
Население: | 20,310 (попис од 2001) |
Површина: | - |
Администрација | |
Локални власти: | Општински Совет на Таупо |
Градоначалник: | Клејтон Стент |
Регионален Совет: | Ваикато |
Парламентарно изборно тело: | Таупо |
Округ | |
Име: | Таупо |
Население: | 31,521 (попис од 2001) |
Распространетост: | Од Мангакино до планината Нгаурухое; источно до изворот на реката Рангитаики |
Површина: | 6,970 km2 |
Поглавни градови и населби: | Таупо, Туранги, мангакино |
Таупо е мало населено место во средишниот дел на Северниот остров на Нов Зеланд. Градот е седиште на истоимениот округ.
Местоположба и особености
[уреди | уреди извор]Таупо има население од 20.310 (попис од 2001). Градот се наоѓа на североисточниот агол на езерото Таупо и е туристички центар, особено летно време, бидејќи нуди добра панорама на езерото и планините северно. Како други туристички атракции, Таупо нуди и падобранство, глисирање, надводно параглајдерство и други активности од сличен тип.
Името Таупо доаѓа од маорскиот јазик, полното име му е Таупо-нуи-а-Тиа. Таупо значи наметка, нуи голема, а на и Тиа е името на човекот што го открил езерото: буквално преведено значи „Големата наметка на Тиа“.
Се протега долж автопатот State Highway 1, како и на места долж State Highway 5.
Северно од градот се наоѓа геотермичка електрана кај Ваиракеи, како и топли извори за капење на неколку места во близината на градот. Еден од најспектакуларните водопади во Нов Зеланд, водопадот Хука исто така се наоѓа во близината на градот, при почетокот на реката Ваикато.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворени врски
[уреди | уреди извор]- Општинска страница (англиски)
- Одредиште: езеро Таупо (англиски)
- Страница за Туранги и езерото Таупо Архивирано на 4 февруари 2018 г. (англиски)
Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |