Северен Остров
| North Island Te Ika-a-Māui | |
|---|---|
Сателитска снимка на Северниот Остров | |
| Географија | |
| Место | Нов Зеланд |
| Координати | 38°24′S 175°43′E / 38.400°S 175.717°E |
| Површина | 113.729 км2 |
| Подреденост по површина | 14. |
| Највисоко место | 2.797 м |
| Највисока точка | Руапеху |
| Држава | |
Нов Зеланд | |
| Најголема населба | Окленд (pop. 1,628,900) |
| Демографија | |
| Население | 3,749,200 (June 2018) |
| Густина | 0,0 /km2 (0 /sq mi) |
Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113.729 км2 [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.
На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.
Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]
Региони на Северниот Остров
[уреди | уреди извор]Северниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.
Градови на Северниот Остров
[уреди | уреди извор](помали населени места може да се најдат на Список на градови во Нов Зеланд.)
Географски поими
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ На некои карти од XIX век, Северниот Остров е наречен New Munster (Нов Манстер).
- ↑ Статистика Нов Зеланд Geography - physical features Архивирано на 30 ноември 2006 г.
- ↑ Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот Остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.
| |||||||||||||||||
|
