Руапеху

Координати: 39°17′S 175°34′E / 39.283° ЈГШ; 175.567° ИГД / -39.283; 175.567
Од Википедија — слободната енциклопедија
Руапеху
Ruapehu
Поглед на Руапеху во 2015 г.
Највисока точка
Надм. вис.2.797 м [1]
Истакнатост2.797 м
Координати39°17′S 175°34′E / 39.283° ЈГШ; 175.567° ИГД / -39.283; 175.567
Име
Преводбучна јама[2] (маорски)
Географија
Руапеху на карта

Карта

Геологија
Старост на карпата~200.000 години[1]
Видстратовулкан
Вулкански лак/појасТаупо
Последен избув25 септември 2007 г.
Искачување
Прво освојување1879 г. од Џ Битам и Џ. П. Максвел
Најлесен патпланинарење
Поглед на Руапеху од исток. Зад него се забележува постариот еродиран вулкан Хаухунгатахи, а десно е стожецот на Нгаурухое.

Руапеху (англиски: Mount Ruapehu, од маорски: Ruapehu - „бучна јама“[2]) — активен стратовулкан во Националниот парк Тонгариро, Нов Зеланд. 23 км на североисток од гратчето Охакуне и исто толку југозападно од брегот на езерото Таупо. Геолошки му припаѓа на вулканското подрачје на Таупо. На падините се сместени најзначајните скијалишта на Северниот Остров на земјата и неговите единствени ледници.

Ова е најголемиот активен вулкан во земјата и највисока планина на Северниот Остров со неговите три врва, Тахуранги (2.797 м), Те Хеухеу (2.755 м) и Парететаитонга (2.751 м). Помеѓу нив е вгезден длабокиот и активен кратер кој се полни со вода во периодите помеѓу поголемите избуви.

Вулканска активност[уреди | уреди извор]

Руапеху е претежно составен од андезит и почнал со својата активност пред барем 250.000 години. Во поново време откога постојат записи за него, вулканот прави поголеми избуви на секои 50 години,[3] и тоа во 1895, 1945 и 1995–1996 г. Помалите изливи се почести — барем 60 пати од 1945 г. наваму. Некои помали избуви во 1970-тите произвеле скромно количество на пепел и лахари (калотеци) кои ги оштетиле скијалиштата.[4] Последното забележително избувнување се случило на 25 септември 2007 г.

Во периодите меѓу поголемите избуви, истопениот снег се слева во кратерот и создава топло кисело езеро. При поголеми избуви, оваа вода целосно се исфрла. Позначајните извбиви таложат наноси од тефра и образуваат брана, која потоа прска при преполнување на езерото и истекува како голем лахар. Во 2000 г. е поставен систем за навремено предупредување на надлежните органи за ваквите изливи.

Скијалишта[уреди | уреди извор]

Скијалиштето „Туроа“

Руапеху има две јавни (наплатни) скијалишта: „Факапапа“ на северната и „Туроа“ на јужната падина — обете најголеми во земјата. Клупското скијалиште „Тукино“ се наоѓа на источната страна на планината и исто така е отворено за јавноста. Скијачката сезона почнува во јуни и трае до октомври, иако ова може да зависи од количеството на снег и временските прилики.

До двете скијалишта се стасува со автомобил и седечки жичници. Имаат патеки со разна тежина, од почетнички до напредни. Факапапа има пет седечки жичници, со ограничени сместувачки капацитети и гостилница во пристапниот влез и освежување на други места по планината. Искачувачите можат да се послужат со планинарски колиби, претежно во сопственост на приватни клубови.

Ледници[уреди | уреди извор]

На Руапеху се сместени единствените ледници на Северниот Остров. Сите се мали, со должина не повеќе од 1,6 м. На број се осумнаесет, вклучувајќи ги оној со кратерот; најголеми од нив се Мангатоетоенуи, Самит Плато и Фангаеху.[5]

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

На падините на Руапеху се снимени некои сцени од областа Мордор и планината Ородруин (Кобната Планина) во филмската трилогија Господарот на прстените на Питер Џексон.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Руапеху“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2016-11-12. (англиски)
  2. 2,0 2,1 „Volcano Fact Sheet: Ruapehu Volcano“ (PDF). GNS Science. Посетено на 31 December 2013.
  3. New Zealand Department of Conservation. „Crater Lake“. Посетено на 2006-10-23.
  4. New Zealand Department of Conservation. „Central North Island Volcanoes“. Посетено на 2006-10-23.
  5. „Glaciers in New Zealand“. Te Ara: Encyclopaedia of New Zealand. Посетено на 24 November 2012.
  6. Sibley, Brian. The Making of the Movie Trilogy The Lord of the Rings, Houghton Mifflin (2002).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]