Хоков Залив (регион)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Координати: 39°25′S, 176°49′E

Оваа статија се однесува на административниот регион; видете Хоков Залив за самиот залив.
Регионален совет на Хоковиот Залив
Земја: Нов Зеланд
Position of Hawkes Bay.png
Регионален совет
Име: Регионален совет на Хоковиот Залив
Претседател: Ајлин вон Даделсцен
Population: 149,900
јуни 2006 [1]
Површина: 14,111km²
Веб-сајт: http://www.hbrc.govt.nz
Градови
Поголеми: Непиер, Хестингс
Помали: Ваироа, Ваипукурау, Такапау, Хевлок Север, Тарадејл, Гринмидоуз, Ескдејл, Клајв, Фрејзертаун, Миани
СОставни административни единици
Имиња: округ Ваироа, округ Хестингс, град Непиер и округ Централен Хоков Зелив, мал дел од округот Таупо.
Веб-сајтови: http://www.napier.govt.nz
http://www.hastings.govt.nz
http://www.wairoadc.govt.nz
http://www.chbdc.govt.nz
http://www.taupo.govt.nz

Хоков Залив (англ. Hawke's Bay, маор. Heretaunga) е регион во Нов Зеланд. Регионот насекаде во светот е познат како центар за висококвалитетни вина. Регионалниот совет е заседава во два града - Непиер и Хестингс.

Географија[уреди]

Регионот е сместен на источниот брег од Северниот Остров. Името го носи по Хоковиот Залив, кој е голем полукружен залив кој се протега 100 километри од североисток до југозапад на полуостровот Махаиа до ртот Киднаперс.

Регионот се одликува со ридесто крајбрежје околу северниот и централниот дел на заливот, плавните земјишта околу реката Ваироа на север, и широката плодна рамнина Херетаунга околу Хестингс на југ, а внатрешноста му е ридеста, протегајќи се до планинските венци Кавека и Руахине.

Границите на регионот донекаде се разликуваат од поранешните провинциски граници на Хоковиот Залив, и некои места во регионот Манавату-Вангануи на југозапад како Денвирк и Вудвил се сметаат себеси дека припаѓаат во регионот Хоков Залив.

Регинот со состои од округот Ваироа, окргот Хестингс, градот Непиер и округот Централен Хоков Залив, како и мали делови од окрузите Таупо и Рангитикеи.

Историја[уреди]

Помеѓу 1858 и 1876 година, Хоковиот Залив ја сочинувал провнцијата Хоков Залив како откога се одцепила од провинцијата Велингтон по состанок во Непиер во февруари 1858.

На 2 февруари 1931, Непиер и Хестингс биле разрушени во катастрофалн земјотрес од 7.9 според Рихтеровата скала, во која загинале 256 луѓе. Непиер почнал со масовна реизградба и денес е светски познат како место со највеќе Арт Деко згради. Секој февруари оваа особеност на градот се слави со настанот наречен Арт Деко викенд.

Население[уреди]

Во 2006 во регионот живееле 147,783 луѓе. Од овие 55,359 живееле во Непиер. Главните урбани места се Непиер и Хестингс. Помали места се Ваироа, Хевлок Север, Тикокино, Ваипава, Ваипукурау и Такапу. Регионот има значителен број на маорско население (24%). Предоминантен е родот Нгати Кахунгуну.

Клима и земјоделство[уреди]

Лозници на есен

Регионот се одликува со долги топли лета, и студени зими, и како таков има најдобро време за одлегување на грозје. Климата е сува и умерена. Хоковиот Залив е познат по своите големи овоштарници лозја на рамнините. Во ридестите предели предоминира сточарството, со шумарски блокови во најдивите места.

Други информации[уреди]

Во регионот се наоѓа ридот со најголо име во Нов Зеланд и второ најдолго во светот според Гинисовата книга на рекорди. Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху е неособен рид во јужниот дел на Хоковиот Залив, недалеку од Ваипукурау.

Надворешни врски[уреди]