Прејди на содржината

Сојузни Држави на Микронезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојузни Држави на Микронезија
Federated States of Micronesia
Знаме Грб
Гесло: Peace, Unity, Liberty
Мир, единство, слобода
Химна: Patriots of Micronesia
Патриоти на Микронезија

Локација на СД Микронезија
Локација на СД Микронезија
Локација на СД Микронезија
Главен градПаликир
6°55′N 158°9′E / 6.917°N 158.150°E / 6.917; 158.150
Најголем град Вено
Службен јазик англиски
Демоним Микронезиец
Уредување демократски федеративен претседателски систем
   Претседател Весли Симина
   Потпретседател Арен Палик
Законодавство Конгрес
Независност од САД 
   Република 10 мај 1979 
   Датумa 3 ноември 1986 
Површина
   Вкупна 702 км2 (177.)
   Вода (%) занемарливо
Население
   проценка за 2019 г. 104.468[1] (181.)
   Попис 2016 104.937 
   Густина 158.1 жит/км2 (75.)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
   Вкупен 367 мил. долари 
   По жител 3.584 долари 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
   Вкупно 383 мил. долари 
   По жител 3.735 долари 
Џиниев коеф. (2013)40.1
среден
ИЧР (2021) 0.628[2]
среден · 134.
Валута Американски Долар (USD)
Часовен појас (UTC+10 и +11)
   (ЛСВ) н.п (UTC+10 и +11)
Датумски формат мм/дд/гггг
Се вози на десно
НДД .fm
Повик. бр. +691
а. Во слободен сојуз со САД.

Микронезија, или офиц. Сојузни Држави на Микронезија, скрат. СД Микронезија (англиски: Federated States of Micronesia) — островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Микронезија порано била во склоп на Поверенствата на Тихоокеанските Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Микронезија има голема стапка невработеност, преголемо рибарство и гзначителна зависност од помошта на САД.

Историја

[уреди | уреди извор]

Островите биле населени пред четири илјади години. Подоцна се воздигнало Јапското царство на островот Јап. Нан Мандол, често наречен како Венеција на Тихиот Океан. Тој се наоѓа во близина на Понпеи и бил политички и церемонијален центар на Сауделеурската династија која го обединила Понпеи.

Европските истражувачи, прво Португалците па Шпанците, стигнале на Каролинските Острови во 16 век и се воспоставила шпанска власт на островите. Подоцна биле продадени на Германија во 1899, а потоа освоени од Јапонија во 1914 пред да бидат присвоени кон САД за време на Втората светска војна.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Сојузните Држави на Микронезија се составени од 607 острови кои се протегаат на 2.900 километри низ архипелагот Каролински Острови па до Филипините. Четирите групи на острови на Микронезија се Јап, Чук, Понпеи и Кошрај. Четирите држави се претставени со по една ѕвезда на знамето на Микронезија, Главниот град се наоѓа на Понпеи.

Државата има седум службени јазици: англиски јазик, улитански јазик, јапски јазик, понпејски јазик, кошрајски јазик и чукски јазик.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Сојузните Држави на Микронезија се раководат според уставот од 1979 година, кој гарантира основни човекови права и поделба на власта во државата. Конгресот на државата има 14 членови избрани преку избори. Четири сенатори, по еден од секоја држава, се избрани за четири години, а останатите 10 членови имаат мандат од 2 години. Претседателот и заменик претседателот се избрани од конгресот. Нема формални политички партии во земјата.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Економската активност на државата претежно се заснова на земјоделство и рибарство. Островите имаат малку минерални богатства. Ловот на туна и трговијата со истото се овива со Тајван и Кина од 1990. Потенцијалот за туристичка индистрија постои, но поради недостаток од ангажман не е толку развиен во државата. Микронезија користи американски долари како национална валута.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на Сојузните Држави на Микронезија

Четирите држави во сојузот се:

Знаме Држава Главен град Површина[3] Население[4] Густина на население
Flag of ChuukЧукВено127 км253,595420 per км2
Flag of KosraeКошрајТофол110 км27,68670 per км2
Flag of PohnpeiПонпеиКолонија346 км234,486100 per км2
Flag of YapЈапКолонија118 км211,24195 per км2

Овие четири држави се поделени понатка на општини.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Староседелското население се од микронезиско потекло и зборуваат различни јазици. Скоро 100% од населението се Азијци или Микронезијци, така има: Чукци со 48.8%, Понпеанци со 24.2%, Кошрајци со 6.2%, јапи 5.2%, јапи од надворешните јапски острови со 4.5%, Азијци со 1.8%, Полинезијци со 1.5%, други 6.4% и непознати со 1.4%. Голем дел од Микронезиците имаат јапонско потекло. Покрај ова има и доселеници од САД, Австралија, Европа и привремени доселеници од Филипините и Кина.

Камена „монета“ на Јап

Државите имаат свои култури и традиции, но исто така има и заеднички културни особини и економски врски што ги поврзувале со векови. Островот Јап е познат по своите камени пари, големи дискови и големи до 4 метри во пречник со дупка во средина. Сопствениците не ги носат при купување. Има пет вида: мбул, гау, рај, јар и ренг, последниот е голем до 0.3 метри во пречник. Вредноста на парата се базира на големината и историјата на каменот. Некои од нив се пренесени дури од Нова Гвинеја, но повеќето потекнуваат од Палау. Околу 6.500 камени пари има на островот.

  1. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. „FSM government website - Geography“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2008-03-17.
  4. „FSM government website - Population“. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 2008-03-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општи информации
вести
Карти
Патување

Поврзано

[уреди | уреди извор]