Чукци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чукци
Вкупен број
о. 55,000
Подрачја со значајно население
 СД Микронезија 51,000
 САДо. 4,000
Јазици
чучки, англиски
Вероисповед
60% Католици
40% Протестанти, Мормони, други[1]
Сродни народи
Микронезијци

Чукците се микронезиски народ кој е староседелски народ во сојузната држава Чук во СД Микронезија. Чукците се најголем народ во СД Микронезија, каде сочинуваат околу 49% од населението Мајчин јазик на Чукците е чучкиот.

Јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Чучки јазик.

Мајчин јазик на Чукците е чучкиот јазик. Јазикот е дел од подгрупата на тручки јазици, од групата на микронезиски јазици од семејството на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со понпејскиот јазик. Јазикот се пишува на латиница.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2010 година, се покажало дека Чукците се најбрзо растечката етничка група во Пацификот за декадата 2000-ти во САД. Во 2000 имало околу 700, а кон крајот на 2010 година имало над 4.000 Чукци.[2]

Религија[уреди | уреди извор]

Огромен дел од Чукците се Христијани. Сепак, помеѓу Чукците останале одредени верувања и обичаи од традиционалните вери.[3]

Општествени активности[уреди | уреди извор]

Чукците се одлични рибари. Во современиот период рибарството е главен извор на приход кај Чукците, и во оваа активност се ангажирани и мажи и жени. Традиционалните Чукци граделе куќи користејќи палми.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Micronesia, Federated States of: International Religious Freedom Report 2007“. U.S. Department of State. 2007. Посетено на 13 October 2017.
  2. „2010 Census Shows More than Half of Native Hawaiians and Other Pacific Islanders Report Multiple Races“. Census.gov. U.S. Census Bureau. 8 May 2012. Посетено на 26 August 2015.
  3. „Spirit Possession in Chuuk: Socio-Cultural Interpretation“. www.micsem.org. Посетено на 2020-03-31.
  4. Winston Robert M. L.; Wilson Don E. (2004). Human (изд. 1st American.). London: DK Publishing (Smithsonian Institution). стр. 471. ISBN 0-7566-0520-2.