Знамето на Микронезија е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 10 ноември1979 година. Знамето е составено од сина позадина на која приказ на четири бели ѕвезди. Сината боја го симболизира Тихиот Океан, додека ѕвездите ги симболизираат четирите островски групи и федерални единици: Чук, Понпеј, Кошрај и Јап.