Знаме на Хаваите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Знаме на Хаваи)
Знамето на Хаваи

Знамето на Хаваи го претставува Хаваи како кралство, протекторат, република, територија држава во САД. Знамето се состои од осум хоризонтални линии црвена, бела и сина боја. Линиите ги претставуваат осумте главни острови на Хаваите: Хаваи, Оаху, Каваи, Кахолаве, Ланаи, Мауи, Молокаи и Нихау. Во горниот лев агол (кантон) се наоѓа знамето на Обединетото Кралство.

Поврзао[уреди | уреди извор]