Знамињата на сојузните дражви, територии и федералниот округ се одликуваат со регионални разлики согласно месната историја, како и различните стилови и ликовни начела. Сепак, највеќето имаат амблеми на еднобојна заднина, често со сина боја.
Најновото државно знаме е она на Јута (преработено на 16 февруари 2011), а најновото територијално знаме го имаат Северните Маријански Острови (1 јули 1985).
Современите знамиња на државите потекнуваат од 1890-тите, со желбата сојузните држави да бидат претставени со свои посебни обележја на Светската изложба во Чикаго во 1893 г. Највеќето од нив се осмислени и усвоени помеѓу 1893 г. и Првата светска војна.[1]
Во 2001 г. Северноамериканското вексилолошко здружение спровело анкета за знамињата, чиј исход вели дека Ново Мексико има најдобро ликовно решение во цела Северна Америка, а најлошото ѝ припаѓа на Џорџија.[2] Во 2003 г. Џорџија усвоила ново знаме, и со тоа ѝ ја отстапила честа на најлошо знаме на второпласираната Небраска, која и понатаму го користи.
Ова се тековните знамиња на сојузните држави на САД. Датумите во загради се однесуваат на денот на усвојување на знамето во законодавниот дом на дадената држава.
Ова се тековните знамиња на федералниот округ и териториите на САД. Датумите во загради се однесуваат на денот на усвојување на знамето во законодавниот дом на дадената територија/округ.
Државното знаме на САД е службено (званично) на сите острови, атоли и гребени во состав на малите оддалечени острови на САД. Меѓутоа, службените (званични) знамиња се во употреба во пет од овие девет островски територии:
↑Знамето на Мисисипи е првпат усвоено во април 1894 г. Меѓутоа, отповикано е во 1906 г. и останало во де факто употреба сè додека не е повторно усвоено во април 2001 г.
↑Artimovich, Nick. „Questions & Answers“. North American Vexillological Association. стр. 8. Архивирано од изворникот на April 17, 2007. Посетено на 2007-03-20.
↑ 3,03,13,2„State Flag of Alabama“. Alabama Emblems, Symbols and Honors. Alabama Department of Archives & History. 2006-04-27. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2007-03-18.
↑Commonwealth of Virginia (February 1, 1950). „§ 1-506. Flag of the Commonwealth“. Code of Virginia. Virginia: Commonwealth of Virginia. Архивирано од изворникот на 2017-06-12. Посетено на January 28, 2015.
↑[1] Иако ова знаме е усвоено во Луизијана во 1861 г., нема показатели дека воопшто се веело на управната зграда пред 1912 г. Таа година е усвоено знамето со син пеликан, по 100 години неслужбена употреба.