Островски територии на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Територии на САД)

Островски територии (англиски: insular areas) — зависни подрачја под управа на САД, но не припаѓаат на ниедна сојузна држава, ниту на федералниот округ Колумбија.[1] За нивната управа е задолжена Службата за островски работи во состав на Министерството за внатрешни работи.

Бидејќи териториите не се составен дел од самите САД, жителите уставно право на американско државјанство, туку го добиваат истото со повелба на конгресот. Исклучок е Американска Самоа, чии жители можат да живеат и работат во САД, но не и да гласаат и вршат јавни должности.

Жителите на островските територии не плаќаат данок на приходи, но се обврзани кон САД со други давачки како што се царинските,[2] данок на стоков промет,[3] социјално осигурување и др.

Во островските територии се вбројуваат не само зависните територии на туку и независните земји што имаат потпишано договор за слободно здружување со САД. Иако учествуваат во многу заеднички работи, тие се правно засебни од САД и нивните жители не се државјани на таа земја.

За разлика од сојузните држави, суверенитетот на овие територии не е во народот, туку во Конгресот. Оваа установа потоа им дава право на значајна самоуправа и пратеник во своите редови без право на глас.

Список на територии и статус[уреди | уреди извор]

Карта на островските територии на САД

Во островските територии влегуваат неколку карипски и тихоокеански острови.

Во состав на САД[уреди | уреди извор]

Населени[уреди | уреди извор]

  • нема

Ненаселени[уреди | уреди извор]

Зависни територии[уреди | уреди извор]

Населени[уреди | уреди извор]

Ненаселени[уреди | уреди извор]

Заедно со Палмирскиот Атол, следниве острови ја сочинуваат целината наречена Мали оддалечени острови на САД:

Во слободно здружение[уреди | уреди извор]

Ова се три суверени држави што влегле во слободно здружение со САД.

Поранешни територии[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Политички видови на островски територии - Дефиниции“. Служба за островски работи. Министерство за внатрешни работи на САд. 11 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 9 ноември 2008. (англиски)
  2. „Порториканците плаќаат царински давачки“. Stanford.wellsphere.com. Архивирано од изворникот на 2010-04-01. Посетено на 14 август 2010. (англиски)
  3. „Порториканците плаќаат данок на стоков промет“. Stanford.wellsphere.com. Архивирано од изворникот на 2010-04-01. Посетено на 30 октомври 2011. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 18°15′N 66°30′W / 18.250° СГШ; 66.500° ЗГД / 18.250; -66.500