Северни Маријански Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Северните Маријански Острови (англ. Commonwealth of the Northern Mariana Islands), се дел од групата на Маријански Острови и американските островски подрачја во Тихиот океан, јужно од Јапонија и северно од Гуам.

До почетокот на 20. век биле познати под прекарот острови Ладроне, ( шп.Islas de los Ladrones)- - што значи "Острови на Крадците".

Историја[уреди | уреди извор]

1521. Фердинанд Магелан, како прв Европеец, ја открива групата на острови и ги нарекува Islas de Ladrones, Ладроноток или Остров на Крадците, бидејќи според неговото мислење домородните жители му украле нешто од неговите бродови. Во 1667. Шпанија ги анектира островите и ги нарекува по својата кралица Марија Ана од Австрија.

После Шпанско-американската војна Шпанија го дава јужниот дел на Американците и го продава 1899. северниот дел на Германците.

Од 1975. групата острови Северни Маријански Острови се во Комонвелтот со САД.

Местоположба на Маријанските Острови.

Население[уреди | уреди извор]

86% од населението воглавно зборува на неслужбени јазици, како нпр. Микронезиски и Полинезиски јазик.

Географија[уреди | уреди извор]

Подрачјето се состои од 16 острови, кои се простираат на преку 500 км од кои најголеми се Сајпан, Тинијан и Рота.

Маријански Ров[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Маријански Ров.

Недалеку југозападно од земјата се наоѓа Маријанскиот Ров, најдлабокото океанско дно на светот со 10.911 метри под морската површина.



Административна поделба на САД
Сојузни држави Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Охајо | Орегон | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Хаваи | Флорида | Џорџија
Федерален округ Колумбија
Островски територии Американска Самоа | Американски Девствени Острови | Гуам | Порторико | Северни Маријански Острови
Оддалечени острови Џонстонов Атол | Бејкеров Остров | Вејк | Кингмен | Мидвејски Острови | Наваса | Палмирски Атол | Хауленд | Џарвисов Остров