Знаме на Тексас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Тексас
}}
Назив Знаме на Самата ѕвезда
(The Lone Star Flag)
Употреба граѓанско и државно знаме граѓанско и државно знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 25 јануари 1839 (од Република Тексас)
повторно прифатено: 31 август 1933 (De facto use 1879–1933)[1]
Опис ⅓ од знамето е сино кое содржи една бела центрирана ѕвезда. Останатиот дел е поделен хоризонтално на бела и црвена лента.
Творец непознат[2]

Знаме на Тексас – службено знаме на американската сојузна држава Тексас. Познато е по својата истакната единствена бела ѕвезда која му го дала името на знамето „Знаме на Самата ѕвезда“. Самата ѕвезда му го дала прекарот на државата: „Држава на Самата ѕвезда“. Знамето е популарно кај Тексашаните и се третира со голем степен на почит. Заедно со знамето на Хаваите, тоа е едно од двете државни знамиња кои претходно се користеле како национални.[3]

Северноамериканското вексилолошко друштво во 2001 година спровело истражување за најдобро дизајнирано знаме во конкуренција на сите знамиња на американските сојузни држави и територии како и канадските провинции. Меѓу вкупно 72 знамиња, знамето на Тексас било рангирано на 2. зад знамето на Ново Мексико.[4]

Дизајн на знамето[уреди | уреди извор]

Државното знаме официјално е опишано со закон како:

правоаголник што: (1) има сооднос на ширина со должина од два спрема три; и (2) содржи: (A) една сина вертикална лента чија ширина е еднакава на една третина од должината на знамето; (B) две еднакви хоризонтални ленти, горна бела лента, долна црвена лента, секоја со должина од две третини од должината на знамето; и (C) една бела, правилна петкрака ѕвезда: (i) поставена во средиштето на сината лента; (ii) насочена така што еден крак е нагоре; и (iii) со големина така што пречникот на кругот кој минува низ петте точки на ѕвездата е еднаков на три четвртини од ширината на сината лента.[5]

Историја и усвојување[уреди | уреди извор]

Знамето на Самата ѕвезда, се вее на туристички број во Хјустонскиот канал, 2 април 2016

Правната процедура за усвојување на знамето била започната во Конгресот на Република Тексас на 28 декември 1838 година од сенаторот Вилијам Х. Вартон[1] и знамето било усвоено на 25 јануари 1839 година како национално знаме на Република Тексас.[1] „Придружен на оригиналниот Акт ... е цртеж на националното знаме и грб од Питер Краг ... иако во оригиналот одобрувањете и потписот на претседателот Ламар се наопачки[.]“ [6] Кога Тексас станал 28. Сојузна држава на САД на 29 декември 1845 година, националното знаме станало државно знаме. Од 1879 до 1933 година немало официјално државно знаме, иако Знамето на Самата ѕвезда останало de facto државно знаме. При усвојувањето на Ревидираните граѓански статути во 1879 година,[7] Законодавниот дом ги укинал сите статути чие останување во сила не биле изречно наведени; бидејќи статутите кои се однесуваат на знамето не биле меѓу обновените, Тексас формално бил без знаме до донесувањето на законот за знаме во 1933 година.[1]

Дизајнерот на знамето е непознат.[1] Некои тврдата дека д-р Чарлс Б. Стјуарт бил или дизајнерот на знамето или ја нацртал сликата искористена од Третиот конгрес при донесување на законодавството за усвојување на знамето.[8][9] Сепак, цртежот на Стјуарт "сомнително изгледа како следење на уметноста на Питер Краг, вклучувајќи го и наопачкиот потпис на претседателот Ламар."[6]  

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Flags of Texas from the Handbook of Texas Online
  2. Vexillological Assn. of the State of Texas. „The Stewart Myth“. Посетено на 2013-05-12.
  3. E. Joe Deering (21 September 2009). Lovin' That Lone Star Flag. Texas A&M University Press. стр. 4. ISBN 978-1-60344-148-3.
  4. Archive.org copy of now-offline NAVA survey results
  5. „GOVERNMENT CODE CHAPTER 3100. STATE FLAG“. state.tx.us. Посетено на 23 June 2015.
  6. 6,0 6,1 Charles A. Spain, Jr. The Flags and Seals of Texas." South Tex. Law Rev. 33(1992): 215-259.
  7. AL. „Revised Civil and Criminal Statutes of Texas, 1879“. texas.gov. Посетено на 23 June 2015.
  8. Vexillological Assn. of the State of Texas. „The Stewart Myth“. Посетено на 2013-05-12.
  9. [Stewart, Charles Bellinger Tate from the Handbook of Texas Online]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]