Знаме на Кирибати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Кирибати
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 1:2
Усвоено 12 јули 1979
}}
Варијанта на знамето на Кирибати
Сразмер 1:2FIAV historical.svg
Усвоено мај 1937

Знамето на Кирибати е официјалното знаме на оваа океанска држава. Знамето на Кирибати е усвоено на 12 јули 1979 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Знамето на Кирибати е усвоено по независноста на државата. Дизајнот на знамето е преземен од грбот на британската колонија Гилбертови и Елиски Острови, само со проширени брановидни ленти и позадина. Знамето и грбот на британската колонија биле направени во 1932 година.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Знамето е составено од црвена позадина во горниот дел на знамето, а во долниот дел на знамето има приказ на три брановидни бели и три брановидни сини ленти. Над брановидните ленти има изгрев на златно сонце со 17 краци, а над сонцето има златна птица фрегата. Размерот на знамето е 1:2.

Симболизам[уреди | уреди извор]

Белите ленти ги претставуваат трите островски групи од кои е составена државата, а тоа се: Гилбертови Острови, Острови Феникс и Линиски Острови. Седумнаесетте краци на сонцето ги симболизираат шестнаесетте Гилбертски Острови и островот Банаба.

Официјалното толкување на симболите е следново[1]:

  • Птицата е фрегата, која симболизира моќ, слобода и кирибатски танцови шари.
  • Изгревот на сонцето го претставува тропското сонце бидејќи Кирибати лежи во близина на екваторот.
  • Морето е Тихиот Океан, каде и се наоѓа државата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]