Знаме на Соломоните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Соломоните
}}
Употреба државно знаме национално знаме Национален симбол на Соломоните.
Сразмер 1:2
Усвоено 18 ноември 1977
Опис два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента


Знамето на Соломоните е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 18 ноември 1977. Знамето е составено од два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента. На синиот триаголник, во кантонот, има пет бели петокраки. Петте ѕвезди ги претставуваат петте главни острови.[1] Сината боја го симболизира околното море на Соломоновите Острови, зелената боја ја симболизира земјата, додека златната боја го симболизира сонцето.

Граѓанската инсигнија[2] (за трговски бродови) и државната инсигнија[3] (за владини невоени бродови) е малку поразлично од државното знаме. Имено, во двете знамето е поставено во кантонот, а целото знаме е со црвена или сина позадина.

Останати знамиња[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]