Знаме на Маршалските Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на Маршалските Острови
}}
Употреба граѓанско, државно и пловно знаме граѓанско и државно знаме, граѓанска и државно поморско знаме Национален симбол на Маршалските Острови.
Сразмер 10:19
Усвоено 1 мај 1979
Опис сина позадина со со портокалова и бела дијагонална лента и со бела ѕвезда.
Творец Емлаин Кабуа

Знамето на Маршалските Острови — официјалното знаме на оваа океанска држава кое било усвоено на 1 мај 1979 година. Знамето е составено од сина позадина поделена со лента во бела и портокалова боја со бела ѕвезда над лентата. Знамето ја претставува местоположбата на државата во Тихиот Океан. Лентата го претставува екваторот, додека ѕвездата го симболизира архипелагот во Северната хемисфера. Белата лента ги претставува ланецот острови Ратак („изгрев“), а портокаловата го претставува ланецот острови Ралик („залез“), како и мир и храброст. Ѕвездата има 25 краци ги претставува изборните окрузи во државата, додека четирите главни краци ги претставуваат главните центри во државата: Маџуро, Џалуит, Вотџе и Ебеје. Знамето било дизајнирано од Емлаин Кабуа. Низ историјата, државата користела различни знамиња, меѓу кои и знамето на Доверливата Територија на Пацифички Острови, каде Маршалските Острови биле дел од територијата.

Историски знамиња[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]