Знаме на Палау

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Палау
}}
Употреба граѓанско, државно и пловно знаме граѓанско и државно знаме, граѓанска и државно поморско знаме Национален симбол на Палау.
Сразмер 3:5
Усвоено 1 јануари 1981
Опис сина позадина со златен диск.

Знамето на Палау е официјалното знаме на оваа океанска држава кое било усвоено на 1 јануари 1981 година. Знамето е составено од сина позадина со златен диск во средината. Сината боја го претставува Тихиот Океан и местоположбата на државата, а дискот ја симболизира месечината. Ова знаме го заменило претходото знаме на Доверливата Територија на Тихоокеански Острови.

Изборот на боите е заснован на традиционалните бои на народот на Палау. Така, сината боја иако често се верува дека ги симболизира Тихиот Океан, таа исто така ја симболизира транзицијата од колонијална кон самоуправувачка држава. Дискот ја симболизира месечината, за која народот верува дека човекот е најактивен за време на полната месечина. Исто така, месечината ги симболизира мирот, љубовта и спокојноста.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]