Знаме на Вануату

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Вануату
}}
Употреба државно, пловно и управно пловно знаме национално знаме, граѓанско и државно поморско знаме Национален симбол на Вануату.
Сразмер 19:36
Усвоено 13 февруари 1980
Опис Црн триаголник од кој излегува мала црна лента и го дели знамето на две половини во црвена и зелена боја. Триаголникот е разграничен со златна лента, а на самиот триаголник има златни папрати и коска од вепер.
Творец Калонтас Махлон

Знаме на Вануату — официјалното знаме на државата усвоено на 13 февруари 1980 година. Боите на знамето потекнуваат од боите на знамето на политичката партија која се изборила за независност на државата, додека дизајнот бил усвоен врз база на предлог од локален уметник.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Знамето на Вануату е составено од две хоризонтални ленти во црвена и зелена боја. Двете ленти се разгранчени од црвна лена низ која поминува потенка златна лента. Црната и златната лента составуваат црн триаголник со златни граници. На црниот триаголник има два прекрстени златни листа од папрат (намеле) и коска од вепер.

Симболика[уреди | уреди извор]

Коската од веперот симболизира просперитет бидејќи свињите во очите на Вануаќаните се богатство и поради фактот што за да може коската од свињата (забот) да се извие спирално истата треба да се храни, што пак автоматски означува дека стопанот е со статус и богатство и има можност да ѝ даде на свињата сè што е потребно. Исто така, забот се носи како орнамент од островјаните. Папратот симболизира мир и 39 листиња на папратот ги претставуваат 39 членови на вануатското собрание.[1]

Жолтата боја на знамето симболизира сончева светлина (мир и просветителство донесено од Христијаните) и Христијанството. Зелената боја го симболизира богатството на островите. Црвената боја ја симболизира крвта на луѓето и свињите (при ритуални обреди, моќ на традицијата). Црната боја го симболизира меланезискиот народ. Премиерот (тогашен) побарал да се постават златни граници, заедно со црвните, за да се потенцира бојата која го симболизира народот. Златната и црната граница се во форма на буквата Y, што грубо одговара со местоположбата и географската распореденост на островите во океанот.[2]

Останати знамиња[уреди | уреди извор]

Детал од знамето на Вануату. Коската и папратот.
Детал од знамето на Вануату. Коската и папратот.
 Морепловно знаме
FIAV 000001.svg Морепловно знаме
Претседателско знаме на Вануату
Претседателско знаме на Вануату
повеќе...

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]