сина позадина со златна лента и бела ѕвезда со 12 краци.
Знамето на Науру е официјалното знаме на оваа океанска држава кое за првпат било употребено веднаш по независноста на државата. Ова знаме било избрано преку локален натпревар и истото било усвоено на 31 јануари1968 година. Знамето е составено од сина позадина која е поделена со златна лента и под лентата има бела ѕвезда со 12 краци. Знамето ја симболизира местоположбата на државата, односно Науру лежи еден степен под екваторот. Златната лента го симболизира екваторот, сината боја го симболизира Тихиот Океан, а ѕвездата ја симболизира државата. 12 краци ги симболизираат 12 староседелски племиња на островот. Белата боја го симболизира фосфатот, значаен минерал на островот.