Знамето на Папуа Нова Гвинеја е официјалното знаме на оваа океанска држава, усвоено на 1 јули1971 година. Знамето е составено од два триаголника во црвена и црна боја. На црниот тригаолник има приказ на пет бели ѕвезди кои го претставуваат Јужниот крст, додека на црвениот триаголник има приказ на златна рајска птица Рагијана. Дизајнер на знамето било петнаесетгодишно девојче, Сузан Хухуме, која подебила на конкурсот за избор на ново државно знаме. Црната и црвената боја се традиционални бои на голем број папуански племиња, а птицата се наоѓа и на државниот грб.