Знамиња во Океанија
Изглед

Ова е галерија на знамиња во Океанија. Галеријата вклучува знамиња на меѓународно признати држави, како и зависни територии во Океанија.
Независни држави целосно во Океанија
[уреди | уреди извор]| знаме | држава | усвоено на | употреба | опис |
|---|---|---|---|---|
| Австралија | 3.9.1901 | официјално државно знаме | Темносина површина, со приказ на соѕвездието Јужен крст во неприцврстениот дел, федерална ѕвезда во прицврстениот дел и знамето на Велика Британија во кантон. (Знамиња на Австралија) | |
| Вануату | 13.2.1980 | официјално државно знаме | Две хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, поделени со црна поширока и жолта потенка лента кои се формираат црн триаголник со жолти граници во прицврстениот дел. На триаголникот има приказ на златен заб од вепер и два папрата.(Знамиња на Вануату) | |
| Кирибати | 12.06.1979 | официјално државно знаме | Површината е поделена на два дела, црвено горно поле и сино-бели бранови во долниот дел. На црвената површина има приказ на изгрев на сонце и златна фрегата.(Знамиња на Кирибати) | |
| Маршалски Острови | 1.5.1979 | официјално државно знаме | Темносина површина, со приказ на две ленти во портокалова и бела боја кои се протегаат од долниот лев агол кон горниот десен агол. Во кантонот има приказ на ѕвезда.(Знамиња на Маршалските Острови) | |
| Микронезија | 10.11.1979 | официјално државно знаме | Сина површина со приказ на четири бели ѕвезди.(Знамиња на Микронезија) | |
| Науру | 31.7.1968 | официјално државно знаме | Темносина површина со златна лента и бела ѕвезда под неа.(Знамиња на Науру) | |
| Нов Зеланд | 24.3.1902 | официјално државно знаме | Темносина површина, со приказ на соѕвездието Јужен крст во неприцврстениот дел во бело-црвена боја и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Нов Зеланд) | |
| Палау | 1.1.1981 | официјално државно знаме | Светлосина површина со златен диск во средината.(Знамиња на Палау) | |
| Папуа Нова Гвинеја | 1.7.1971 | официјално државно знаме | Дијагонално поделена површина во црна и црвена боја. На црното поле има приказ на Јужниот крст во бела боја, а на црвеното поле има приказ на златна Рајска птица.(Знамиња на Папуа Нова Гвинеја) | |
| Самоа | 24.2.1949 | официјално државно знаме | Црвена површина, а кантонот темносин со приказ на Јужниот крст.(Знамиња на Самоа) | |
| Соломони | 18.11.1977 | официјално државно знаме | Дијагонално поделено поле, разграничено со златна лента, во темносина и темнозелена боја. На темносиното поле има пет бели ѕвезди.(Знамиња на Соломините) | |
| Тонга | 4.11.1875 | официјално државно знаме | Црвена површина со цел кантон, а во него црвен крст.(Знамиња на Тонга) | |
| Тувалу | 11.4.1997 | официјално државно знаме | Сина површина, со златни ѕвезди кои одговараат со бројот на острови и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Тувалу) | |
| Фиџи | 10.10.1970 | официјално државно знаме | Светлосина површина, со националниот грб во неприцврстениот дел и знамето на Велика Британија во кантон.(Знамиња на Фиџи) | |
Независни држави кои понекогаш се сметаат за дел од Океанија
[уреди | уреди извор]| знаме | држава | употреба | опис |
|---|---|---|---|
| Источен Тимор | официјално државно знаме | Црвена површина, а во прицврстениот дел два триаголника во црна и жолта боја со бела ѕвезда на црниот триаголник. | |
| Индонезија | официјално државно знаме | Две исти хоризонтални ленти во црвена и бела боја. |
Зависни територии во Океанија
[уреди | уреди извор]Неофицијално знаме на Валис и Футуна (Франција) Неофицијално знаме на островот Вејк (САД) Неофицијално знаме на Мидвејските Острови (САД) Неофицијално знаме на Палмира (САД) Неофицијално знаме на Чатамските Острови (Нов Зеланд)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||