Прејди на содржината

Знамиња во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европа.
Европа.

Ова е галерија на државни и национални знамиња во Европа. Галеријата опфаќа само независни држави, зависни територии и непризнати самопрогласени држави. Автономните региони и републики не се наведени.

Независни држави

[уреди | уреди извор]
знамедатумупотребаОпис
1918 — 1938
1945 —
Знаме на АвстријаТри хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
1992 —Знаме на АлбанијаЦрн двоглав орел на црвена позадина.
1866 —Знаме на АндораТри вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
1918 —Знаме на АзербејџанТри хоризонтални ленти во сина, црвена и зелена боја со полумесечина и ѕвезда во средината.
1831 —Знаме на БелгијаТри вертикални ленти во црна, златна и црвена боја.
1995 —Знаме на БелорусијаДве нееднакви хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, со национален мотиф на бела основа во вертикална положба на прицврстениот дел.
1998 —Знаме на Босна и ХерцеговинаСина позадина на која има златен триаголник и девет ѕвезди.
1878 — 1946
1991 —
Знаме на БугаријаТри хоризонтални ленти во бела, зелена и црвена боја.
1929 —Знаме на ВатиканДве вертикални ленти во жолта и бела боја со грбот на белата лента.
1919 — 1933
1949 —
Знаме на ГерманијаТри хоризонтални ленти во црна, црвена и златна боја.
2004 —Знаме на ГрузијаБела позадина на која има голем црвен крст и по еден мал црвен крст во кантоните.
1978 —Знаме на ГрцијаСина позадина со четири бели ленти и бел крст во горниот лев кантон.
1219 —Знаме на ДанскаЦрвена позадина со бел нордиски крст.
1918 — 1940
1990 —
Знаме на ЕстонијаТри хоризонтално ленти во сина, црна и бела боја.
1918 —Знаме на ЕрменијаТри хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја.
1922 —Знаме на ИрскаТри вертикални ленти во зелена, бела и портокалова боја.
1915 —Знаме на ИсландСина позадина со црвен нордиски крст со бели граници.
1948 —Знаме на ИталијаТри вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја.
1960 —Знаме на КипарБела позадина со приказ на картата на островот и маслинови зелени гранчиња околу него.
1918 — 1940
1990 —
Знаме на ЛатвијаТри нееднакви хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
2004 —Знаме на ЛитванијаТри хоризонтални ленти во жолта, зелена и црвена боја.
1937 —Знаме на ЛихтенштајнДве хоризонтални ленти во сина и црвена боја со кралската круна во кантонот.
1972 —Знаме на ЛуксембургТри хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
1995 —Знаме на МакедонијаЦрвена позадина со стилизирана поедноставена Ѕвезда од Кутлеш т.е. сонцето на слободата.
1964 —Знаме на МалтаДве вертикални ленти во бела и црвена боја со Малтешкиот крст во горниот лев кантон.
1990 —Знаме на МолдавијаТри вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
1881 —Знаме на МонакоДве вертикални ленти во црвена и бела боја.
1821 — 1844
1898 —
Знаме на НорвешкаЦрвена позадина со син нордиски крст со бели граници.
1801 —Знаме на Обединетото КралствоСина позадиа на која има црвен англиски крст со бели граници и бел шкотски крст со црвени ленти.
1919 —Знаме на ПолскаДве хоризонтални ленти во бела и црвена боја.
1911 —Знаме на ПортугалијаДве вертикални нееднакви ленти во зелена и црвена боја со националниот грб над нив.
1848, 1867 — 1948
1989 —
Знаме на РоманијаТри вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја.
1883 — 1918
1993 —
Знаме на РусијаТри хоризонтални ленти во бела, црвена и сина боја.
Знаме на Сан МариноДве хоризонтални ленти во бела и сина боја со националниот грб во средина.
2004 —Знаме на СрбијаТри хоризонтални ленти во црвена, сина и бела боја со националниот грб над нив.
1992 —Знаме на СловачкаТри хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
1991 —Знаме на СловенијаТри хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
1844 —Знаме на ТурцијаЦрвена позадина со бели полумесечина и ѕвезда.
1918 — 1920
1992 —
Знаме на УкраинаДве хоризонтални ленти во сина и жолта боја.
1957 —Знаме на УнгаријаТри хоризонтални ленти во црвена, зелена и бела боја.
1918 —Знаме на ФинскаБела позадина на која има син нордиски крст.
1794 — 1814
1830 —
Знаме на ФранцијаТри вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
1937 —Знаме на ХоландијаТри хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
1990 —Знаме на ХрватскаТри хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја со националниот грб во средината.
2004 —Знаме на Црна ГораЦрвена позадина со златни граници и со националниот грб во средина.
1920 — 1939
1945 —
Знаме на ЧешкаДве хоризонтални ленти во бела и црвена боја со син триаголник на прицврстениот дел
1889 —Знаме на ШвајцаријаЦрвена позадина со бел крст.
1569 —Знаме на ШведскаСина позадина со жолт нордиски крст.
1981 —Знаме на ШпанијаТри хоризонтални нееднакви ленти во црвена, жолта и црвена боја со националниот грб.

Зависни територии

[уреди | уреди извор]
знамедатумупотребадел одопис
1960-Знаме на АзоритеПортугалијаДве вертикални ленти во сина и бела боја со грбот и златна птица со ѕвезди.
1960-Знаме на Акротири и ДекелијаОбединетото КралствоНема свое знаме, но го користи знамето на Обединетото Кралство.
1954-Знаме на Оланд ФинскаСина позадина со црвен нордиски крст со златни граници.
1985-Знаме на ГернзиОбединетото КралствоБело знаме со црвен англиски крст со помал златен крст во црвениот.
1502-Знаме на ГибралтарОбединетото КралствоДве хоризонтални нееднакви ленти со кула на белата лента и клуч на црвената.
1960-Знаме на МадејраПортугалијаТри ленти во сина, жолта и сина боја со крст во средина.
c13-Знаме на МанОбединетото КралствоЦрвена позадина со бели споени три нозе.
1940-Знаме на Фарските ОстровиДанскаБело знаме со црвен нордиски крст со сини граници.
1980-Знаме на Џерси Обединетото КралствоБела позадина со дијагонален црвен крст и со грбот на Џерси.

Непризнати држави

[уреди | уреди извор]
знамедатумупотребаопис
1992-Знаме на АбхазијаЧетири зелени и три бели ленти со црвен кантон на која има рака и седум ѕвезди во бела боја.
1990-Знаме на Јужна ОсетијаТри хоризонтални ленти во бела, црвена и жолта боја.
1983-Знаме на Турската Република Северен КипарБела позадина на која има две мали хоризонтални ленти во црвена боја и црвени полимесечина и ѕвезда.
2008-Знаме на КосовоСино знаме со златна карта на Косово и со шест бели ѕвезди над картата.
1992-Знаме на Нагорно-КарабахТри хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја со скалесто поставени бели коцки.
2000-Знаме на ПриднестровиеТри хоризонтални ленти во црвена, зелена и црвена боја.

Останати независни ентитети

[уреди | уреди извор]


знамедатумупотребаопис
1130 —Независен воен ред МалтаЦрвено знаме со бел крст
1986-Знаме на Европската УнијаСино знаме со 12 златни кружно поставени ѕвезди.

Поврзано

[уреди | уреди извор]