Знаме на Шкотска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Шкотска
}}
Назив Андреин крст
Салтир
Употреба државно знаме национално знаме
Сразмер нестандардизиран[1]
Усвоено XV век
Опис на сино поле, сребрен Андреин крст[2].

Знаме на Шкотска (гелски: Bratach na h-Alba, шкотски: Banner o Scotland), наречено и Андреин крст (St Andrew's Cross) — државно знаме на Шкотска.[3] За разлика од кралскиот стандард, ова знаме е достапно за употреба од сите физички и правни лица[1] и се вее на државните установи во Шкотска секој ден од 8 ч. наутро до зајдисонце, со извесни исклучоци.[4]

Според христијанската легенда, маченикот Апостол Андреја, заштитник на Шкотска, бил распнат на крст со облик на буквата Х кај Патра во Ахаја.[5] Оваа иконографија првпат се јавува во земјата во 1180 г. за време на кралот Вилијам I и на печатите на старателите на Шкотска од 1286 г.[5]

Употребата на Андреиниот крст, наречен и салтир или накосен крст (crux decussata) во упростен облик без распетие започнала кон крајот на XIV век. Во јуни 1385 г., Парламентот на Шкотска решил шкотските војници што служеле во Франција да го носат овој крст напред и одзади, како обележје на земјата од каде дошле.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Андреиниот крст како знаме првпат се спомнува во Виенскиот часослов (~ 1503), каде крстот има црвена позадина.[6] Во случајот на Шкотска, употребата на сина позадина се смета дека почнала во XV век, а можеби и порано,[7] при што првиот сигурен приказ на ваквото знаме се среќава во грбовникот на Дејвид Линдзи околу 1542 г.[8]

Апостол Андреја распнат на крст

Според преданието, во 832 г. пиктскиот крал Енгус II ги повел во битка Пиктите и Шкотите против Англите предводени од Етелстан, која се случила кај денешен Етелстејнфорд, Источен Лотијан. Во предвечерито на битката, Енгус се зарекол дека ќе го слави Апостол Андреја како заштитник на земјата ако му даде победа. Апостолот му се појавил на кралот на сон и му ветил успех. Изутрината на небото се појавиле облаци во облик на буквата Х — крстот на кој бил распнат Апостол Андреј. Оваа појава го уверила Енгус дека апостолот е на навистина на негова страна, по што тргнал да се бори и покрај тоа што неговата војска била помалубројна. Благодарение на поволниот знак од светецот, Енгус извојувал победа и го прогласил Апостол Андреја за заштитник на земјата во знак на благодарност. Соглоасно верувањето, белиот крст на сина позадина ги претставува облаците кои се појавиле на небесното синоло.[6]

Кралски стандард на Шкотска[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кралски стандард на Шкотска.

Кралскиот стандард на Шкотска, наречен и бајрак на шкотските кралеви[9] или бујниот лав на Шкотска,[10] е кралското знаме на земјата[11] кое во минатото го користеле кралевите на Шкотска. Ова знаме се разликува од националното по тоа што за него важи законска одредба дека смеат да го користат само неколкумина државни великодостојници кои службено го претставуваат монархот во Шкотска.[11] Истото се вее и на кралските дворци што се наоѓаат во земјата, кога монархот не е присутен во нив.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Saltire“. The Court of the Lord Lyon. http://www.lyon-court.com/lordlyon/236.html. посет. 9 декември 2009 г. 
  2. во хералдиката и вексилологијата не постои бела боја; она што е претставено со бела е всушност сребрена боја, наречена и само „сребро“
  3. Gardiner, James. „Scotland's National Flag, the Saltire or St Andrews Cross“. Scran. Royal Commission on the Ancient and Historical Monuments of Scotland. http://www.scran.ac.uk/database/record.php?usi=000-00-113-368-C. посет. 9 декември 2009 г. 
  4. „Упатство за истакнување на знамето“. Проглас бр. 13 (на сила од јануари 2009 г.). Влада на Шкотска. 1 јануари 2009. http://www.scotland.gov.uk/Topics/People/royal-ceremonial/flag-guidance. посет. 9 декември 2009 г.  (англиски)
  5. 5,0 5,1 „Feature: Saint Andrew seals Scotland's independence“. The National Archives of Scotland. 28 ноември 2007. http://www.nas.gov.uk/about/051124.asp. посет. 9 декември 2009 г. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Bartram, Graham (2001). "The Story of Scotland's Flags" (PDF). Proceedings of The XIX The XIX International Congress of Vexillology. York, United Kingdom: Fédération internationale des associations vexillologiques. стр. 167–172. 
  7. Bartram, Graham (2004). British Flags & Emblems. Tuckwell Press. стр. 10. ISBN 1-86232-297-X. „The blue background dates back to at least the 15th century.“  www.flaginstitute.org
  8. National Library of Scotland (1542). „Plate from the Lindsay Armorial“. Scran. Royal Commission on the Ancient and Historical Monuments of Scotland. http://www.scran.ac.uk/database/record.php?usi=000-000-578-942-C&scache=2u90s101bf&searchdb=scran. посет. 9 декември 2009 г. 
  9. Innes of Learney, Sir Thomas (1934). Scots heraldry: a practical handbook on the historical principles and modern application of the art and science. Oliver and Boyd. стр. 186.  Google Books
  10. Tytler, Patrick F (1845). History of Scotland Volume 2, 1149-1603. William Tait. стр. 433.  Google Books
  11. 11,0 11,1 „The "Lion Rampant" Flag“. The Court of the Lord Lyon. http://www.lyon-court.com/lordlyon/237.html. посет. 10 октомври 2008 г. 
  12. „Union Jack“. The Royal Household. http://www.royal.gov.uk/MonarchUK/Symbols/UnionJack.aspx. посет. 28 август 2009 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]