Прејди на содржината

Знаме на Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Грција
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме нормална верзија на знамето
Сразмер 2:3
Усвоено 22 декември 1978
Опис Девет хоризонтални ленти во сина и бела боја, додека во кантонот има бел ккрст на сина позадина.
}}
Варијанта на знамето на Грција
Назив Претседателско знаме.
Сразмер 1:1
Усвоено 1975
Опис Сино знаме со грбот на Грција во средина.
}}
Варијанта на знамето на Грција
Назив Церемонијално знаме
Употреба државно знаме државно знаме решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.
Сразмер 2:3
Усвоено 1828
Опис Бел крст на сина позадина.

Знамето на Грција (грчки: Σημαία της Ελλάδος, народно нарекувано Γαλανόλευκη или Κυανόλευκη; „небесно сино-белото“) е засновано врз девет еднакви хоризонтални ленти во сина боја наизменично со бела. Во горниот лев агол на кој се вее знамето има син квадрат во кој има бел крст; крстот го симболизира грчкото православие, државната религија, и религијата на народот на Грција. Според народната традиција, деветте ленти ги претставуваат деветте слога од мотото „Ελευθερία ή Θάνατος“ ("Слобода или смрт", „Е-леф-те-ри-а и Та-на-тос“), петте бели ленти за слоговите на „Έλευθερία“, и останатите бели за „ή Θάνατος“. Исто така постои друга теорија според која деветте ленти ги симболизираат деветте музи, божиците на уметноста и цивилизацијата (бројот девет бил еден од традиционалните броеви на Грците).[1] Официјалниот сооднос на знамето е 2:3.[2]

Поморска и цивилна енсигнија

[уреди | уреди извор]

Моменталната поморска и цивилна енсигнија е идентична со националното знаме.

Простата шема бел крст на сино поле се користи исто така како поморско знаме на морнарицата и е основната шема за поморските воени рангови. Овие знамиња се опишани во поглавје 21 (членови 2101-30) на поморските регулации.

Двоглавиот орел

[уреди | уреди извор]
Денешното знаме на грчката православна црква со двоглавиот орел. Често се прави забуна помеѓу ова знаме и знамето на Византија.

По потпаѓањето на Цариград под Отоманското Царство двоглавиот орел станал силен „национален“ симбол на Грцијте (но сепак значително помалку од крстот), кој се наоѓал на многу знамиња, особено за време на востанија и буни. Најкарактеристичен пример е знамето на Православната црква која до ден денес користи византиски знамиња со орелот, обично црн на жолта/златна позадина. Но по отоманските освојувања овој симбол се нашол и во „новиот Цариград“ (или Третиот Рим), т.е. Москва. Русија, под силно влијание на Византиското Царство, се сметала себе за нејзин наследник и го присвоила двоглавиот орел како нејзин империски симбол. Исто така бил присвоен од Србите, Црногорците, Албанците и број на западни владетели, најзабележителни од кои Германија и Австрија.

  1. Официјално мрежно место на грчката армија: Η καθιέρωση της ελληνικής σημαίας. (грчки)
  2. The Flag, од мрежно местото на претседателството на грчката република Архивирано на 15 октомври 2008 г. (грчки)

Додатни извори

[уреди | уреди извор]
  • Ј. Нухакис, „Нашето Знаме“ Атина 1908.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]