Прејди на содржината

Грб на Микронезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Федералните Држави на Микронезија
Подробно
Усвоен1979
МотоPease, Unity, Liberty

Грбот на Микронезија е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил усвоен по независноста на државата и е многу сличен со грбот на Доверливите територии на Тихоокеански Острови.

Централен елемент на грбот е диск, кој е поделен на два сини дела. Горниот светлосин дел има четири бели петокраки кои ги претставуваат четирите федерални држави: Чук, Понпеј, Кошрај и Јап и исто таков дизајн е и знамето на Микронезија. Долниот темносин дел ги претставува брановидниот Тихи Океан. Во средина има семе од кокосова палма, доминантно растение во државата. Околу палмата има бела лента со националното мото на англиски Pease, Unity, Liberty или на македонски „Мир, Единство, Слобода“. Дискот е опколен од златно и сино јаже во кружна форма и меѓу нив има напишано на англиски Government of the Federated States of Micronesia или на македонски „Влада на Федералните Држави на Микронезија“.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]